Македонија

Анализа за историска контроверза што треба да ја прочита секој кому му е важна Македонија

Дали Македонија ја научила можеби најтешката лекција од историјата?

Профилот на на социјалната мрежа Х поранешен Твитер “Јас не сум” зад кој стои Изабела Левенска Миљаниќ дава одлична анализа на музејски објект кој непотребно создава поделби меѓу Македонците.
Изабела Левенска Миљаниќ предходно со личен проект неподдржан од никого преку QR-кодови ни ја доближи уметноста во главниот град и ни порача: „Скопје не е хаос од бетон, туку музеј на отворено“.
Сега таа дава извонредна анализа на вредноста на Музејот на македонската револуционерна борба.
Анализата за музејот кој се нарекува Музејот на ВМРО е корисна за голем број граѓани особено за тие коишто одбиваат да го прифатат како културна институција обвинувајќи дека се работи за политичка конструкција на десницата.
Како и во случајот со проектот во кој секој споменик во Скопје доби свој QR код со основни информации Изабела Левенска Миљаниќ со анализата на Музејот на македонската револуционерна борба создава платформа со цел да ги доближи јавните уметнички дела до сите.
Нејзината цел е на разбирлив и пристапен начин да ја доближи уметноста до секого, да поттикне љубопитност, восхит и гордост за културното богатство што нѐ опкружува.
Целиот нејзин пост за Музејот на македонската револуционерна борба во продолжение:
Денес, тука ќе добиете водич и мое мислење и видување за еден од најконтраверзните музеи во државава – Музеј на македонската борба.
А водичот неизбежно е да го започнам со еден факт за кој секој што се индентификува како
Македонец мора да е свесен постојано.
Потекнувате од држава што никогаш не предизвикала војна ниту со друга држава, никогаш! Напротив: државава е позната како стабилен и миротворен фактор на Балканот.
Од 1991, по распад на Југославија, нашата земја води политика на мир и дипломатско решавање конфликти Ова не е мала работа на Балканот – регион што историски бил тлеачка точка на многу конфликти. Да се одлучи на мир во таков контекст значи да се избере зрелост пред одмазда.
Македонскиот народ, по повеќе од пет векови под туѓо владеење, не се свртел кон одмазда, туку кон мир и стабилност. Тоа не е слабост, туку доказ за длабока историска зрелост и култура на трпение и надеж.
Како што еднаш на едно предавање додека студирав рече асистентка по Меѓународно јавно право: „Кога една земја што била потчинета толку долго избира да не се осветува, тоа е знак не на пасивност, туку на длабока зрелост.“
Македонија ја научила можеби најтешката лекција од историјата: Одмаздата создава ново ропство, а мирот создава иднина.
Фактот што нашата држава не бара одмазда по векови неправди, туку се стреми кон напредок и разбирање, покажува дека: имаме зрел политички идентитет, ја цениме човечката вредност повеќе од територијата и иднината ја гледаме во соработка, а не во конфликт.
Од таа перспектива, Музејот на македонската борба е повеќе од зграда исполнета со слики и восочни фигури тој е национален симбол на историска зрелост. Тоа е место каде се среќаваат борбата и мирот, страдањето и достоинството, минатото и сегашноста.
Го гледам музејов како споменик на долготрајната и сложена историја на македонскиот народ, но го ценам поради пораката што ја испраќа: дека борбата за слобода не завршува со војна, туку со воспоставување мир и праведност. Што не ја прави зградава убава и достојна за ваков музеј
Картата за овој музеј чини само 100 денари, но вредноста што ја добивате зависи од тоа како ќе го гледате. Според мене постојат три начини на кои може да му пристапите: 1. Како историски музеј 2. Една од најимпресивните уметнички изложби кај нас 3. Интерактивно искуство
Како историски музеј е најочигледниот и најчест начин. Класичната тура со водич ве води хронолошки од османлискиот период, преку револуционерното движење, Илинден, АСНОМ, Југославија па до независноста во 1991 год.
Овде го следите развојот на македонската борба како наратив на истрајност, отпор и стремеж кон слобода. Секој експонат носи порака: да се сеќаваме, но да не мразиме. А ова е најдиректниот начин да се почувствува духот на епохите што не создале. Сепак…
Секој историски музеј раскажува приказна а секоја приказна мора да има перспектива. Кога една институција одбира кои настани да ги прикаже, кои личности да ги истакне и како да ги објасни настаните таа веќе зазема став. А тоа значи дека секој историски музеј во светов е идеолошки
бидејќи ги одразува вредностите и наративите на времето и државата што го создала. Јас од таа причина одбегнувам историски музеи секогаш
Пример: Во Франција, музеите за Француската револуција ја слават слободата и народот, но ретко зборуваат за теророт на Робеспјер. Во САД, музеите за Дивиот Запад долго време ги прикажувале домородците како „пречка“, а не како жртви на колонијализам
Значи сите историски музеи имаат идеолошка димензија, бидејќи историјата никогаш не е целосно неутрална. Но проблемот со Музејот на македонската борба мене ми е што идеологијата е доминантна, а научноста и плурализмот се маргинализирани.
Значи нема да видите тука приказни од други етнички групи кои живееле во тоа време тука и нема пошитоки контексти, што не го прави музејот бескорисен или дека е полн измислици. Напортив, тој е одраз на тоа како една држава се гледала себе во одреден историски момент
А приказот за борбата за слобода и независност е неоспорлив факт мора да се слави. Историчарите ќе го објаснат ова подобро. Јас отидов со намера да видам какви уметнички дела има внатре -И СЕ ШОКИРАВ Тврдам дека ова е музеј со најимпресивни уметнички дела кај нас
Музејот е преполн со уметнички дела од руски, српски, украински, бугарски академски сликари. Мислам дека најмалку има застапено македонски сликари – зошто искрено не знам
Се враќам за кратко да образложам што се може да видоте таму… и да ги потврдам моите тврдења 🙂
Ова е едно од најголемите уметничко-сценографски остваруваньа на Балканот. Во него има над 1000 оригинални уметничкидела, повеќе од 130 восочни фигури во природна големина и реконструирани ентериери.
секојa сала е внимателно сценографирана, со контролирано осветлување, драматичен контраст и просторно моделирана атмосфера што ја прави приказната визуелно убедлива и емотивна
Главниот уметнички правец што преовладува е академски реализам. Инспириран од руската и источнославланската школа, овој стил се карактеризира со висок степен на техничка прецизност, историска веродостојност и патриотски наратив.
Во композициите нема апстракција или експеримент, туку јасна раскажувачка структура: народ и земја, светлина и темнина, жртва и слобода, класични симболички контрасти што ја истакнуваат борбата како морална драма.
Иако дел од авторите се странци, темите, композицијата и изразот се jacно македонски: прикажуваат национални херои, востанија, асном, секојдневието под османлиска власт и стремежот кон слобода…
Сликите се со големи формати (некои и до 4 метри ширина), создадени во масло на платно, со мазна и контролирана површина карактеристика на академскиот реализам каде потегот на четката е скриен. а изразот доага од композицијата и светлината.
Повеќето композиции се засновани врз руската академска школа од XIX век, особено од традицијата на Иља Репин и Василиј Суриков каде историјата се прикажува со достоинство, драматична нарација и идеализирани ликови.
Во овој контекст, уметноста има воспитна функција не само да прикаже, туку и да формира чувство на припадност, достоинство и жртва.
Ова е редок пример каде уметноста станува средство за национално самоопределуванье. Иако стилски конзервативен и без модернистички ризици, музејот е импресивен по својата техничка изведба, сценографија и атмосфера. Кој што сака нека каже..
Ама дечки… да се каже дека делата внатре се грди, лоши технички грешни е лага! Делата се лудило добри јас сум уште во шок како русите цртаат светлина! Еве ви доказ, сликата за која ви пишував пред некој ден е таму. Лу – ди – ло!
Пред оваа слика стоев едно 15 мин. ова е дело од еден од наценетите и наградувани руски академици Павел Викторович Риженко (Pavel Viktorovich Ryzhenko) ова е нереално колку ми е убаво (Даме Груев е на сликава како учител во Штип)
Oва се вика импасто техника, каде четката не служи само за опис, туку за израз на емоции. Потезите се густо нанесени, слоевити и насочени да ја прикажат психолошката длабочина на ликот. Вака цртаат пост импресионистите како Ван Гог Наменски би одела само да ја гледам сликава
Оваа ми беше преимпресивна исто – се вика Ослободување на Скопје истп е од руски академик Игор Егоров. Светлината, ликовите, големината, се!
Сакам да избегнам да ви дадам многу спојлери, сакам да ве инспирирам само да одите и сами да си најдете некое дело што ви остава впечаток Обрнете внимание на палетата на бои, деталите, светлината и сенките Јас не можам да се одлучам кое дело од кое ми е поимпресивно
Сликите и фигуралните композиции се изведени во академски реализам, значи за многу уметници уметнички конзервативно и непродуктивно. Нема нови стилски или експресивни пристапи па уметноста се сведува на илустрација на историски настан, без авторска инвенција.
Ова за многу луѓе не се слики што те тераат да размислуваш околу значењето и какви емоции ти буди – ама јас не се согласувам За мене некои слики и неправди насликани тука, како и тајни собири на револуционери, походи во снежни предели ми се премоќни и преемотивни
А мноогу добро е претставена и контрадикторноста на Југославија. А во ова дело е прикажана фамозната сцена за која некои од нас учеле, кога новите затвореници на Голи Оток се брутално претепани само што пристигаат на Голи Оток од самите затвореници – со кои се истомисленици
Налик Мадам Тисо овде има над 130 восочни фигури, сите историски личности во историски контексти сцени како диорами што раскажуваат историја, како да си во некоја претстава ама па и го прави многу интерактивен. Восочните фигури ги имаат создадено украински академци во Киев
Може да му се допаѓа на некoj или не, реалноста е дека музејов не е монотон и досаден, секоја просторија е со нов концепт и приказна, различно поставена и со многу симболи. Ако имате деца – ова мислам би им бил најзабавен музеј од сите
Од лопатите на ѕид што ја симболизираат работничката класа во делот за Југославија до сликите на сите македонски затвореници на Голи Оток – во музејов се си има своја симболика. Се гледа дека е вложено многу труд и некој мислел на деталите А да, во музејот има звуци секаде
Поставката завршува на втор кат па треба да стигнеш на средина а таму во витрина стои декларација за самостојност, сувереност и независност на Република Македонија како триумф и исход на борбата некој доказ дека теророт за кој сведочевте во музеов не бил залуден ПРЕМОЌНО
Мислам дека ви ја доловив мојата поента дека: еден посетител може да гледа сцена/слика од Илинденското востание како симбол на национална гордост и дел од историјата
Друг – како импресивно дело на академски реализам со прекрасна техника, со извонредна композиција, анатомска точност и драматично осветлување трет може само да се шета и да се изненадува од визуелниот концепт без да се оптеретува со уметничките дела или историскиот контекст
Музејот на македонската борба е едно од огледалата на нашата историја, но и сведоштво на нашата зрелост. Може да го гледате како национален проект, уметничка изложба или сценографски спектакл но во суштина, мене ми е своевидна порака за мир.
Како народ што преживеал ропство, неправди и поделби, нашата вистинска сила е што по борбата избравме да градиме, разбираме, се соочуваме, почитуваме а не да уништуваме. Па пред да излезете од музејот размислете не само што гледавте туку што чувствувате за себеси и своите корени
И нека бидеме вечно во листата на земји кои секогаш се бореле за мир и никогаш не создале терор на ниту еден народ. И засекогаш горди на тој факт, нека тоа е дел од нашиот личен идентитет
И да на тема брендинг: Кога ќе ги чуете наративите дека македончето е со наведната глава, сетете се дека македончето е со глава горе високо и може лекции да држи за политика на мир, стабилност и дипломатско решавање на конфликти. А и лекција како да се избере зрелост пред одмазда

Најнови вести од: Македонија

МВР предупредува: Лажни е-маилови во име на БЈБ – не отворајте!

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги предупреди граѓаните да бидат екстремно внимателни и никако да не отвораат лажни електронски пораки што лажно се претставуваат како испратени во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

Дури 22,2 милони евра за наука во 2026 година – за што ќе се трошат?!

Министерството, оваа календарска година преку 3 повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните универзитети, факултетите и научните установи, на МАНУ и на бизнис-заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите успешно се реализираат.

Награда „Константин Философ“ за проф. д-р Љубомир Цуцуловски

Едногласната одлука за добитникот ја донесе Комисијата за доделување на наградите, во состав: академик Витомир Митевски (претседател), проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска (членови)

Јанкуловски: СДСМ е пред смрт, поради разбојништва во минатото, грабеж, корупција, предавства и продажба на националните интереси!

„Природно беше дека ќе се соочи СДСМ со своето политичко исчезнување еден ден. Оваа политичка смрт мораше да се случи.“ – нагласува професорот д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов со „Хроника на една најавена политичка смрт“, која ја објави новинската агенција „Нетпрес“.

„Фол“: Таравари се обидува очајнички со патриотски говор да го прикрие својот спектакуларен неуспех во управувањето со Гостивар!

„Пред да зборува за ‘волјата на суверенот’ и за ‘историските победници’,  подобро е Арбен Таравари да ги објасни историските долгови, урбанистичкиот отпад и политичкото дезертерство, што го карактеризираат. Бидејќи историјата не го препознава како симбол на отпор, туку како пример за неуспех, кој се обидува да се скрие зад големи зборови“. – нагласува информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својот редакциски коментар со наслов „Таравари, симболот на неуспехот, што се обидува да се маскира со патриотски говор“.

To top