Македонија

Андоновска: Мегафоните на СДСМ повикуваат на ликвидација на Мицкоски

Тоа е резултат на системскиот очај и политичкиот банкрот на СДС

Повод за овој прес е срамната и морбидна објава на социјалните мрежи од Бранко Тричковски, долгогодишен пропагандист и медиумски гласноговорник на СДС, кој во врска со настанот со лажната дојава за бомба во центарот на Скопје, пишува – цитираме: „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчaното тело на Христијан!“, изјави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, овој морбиден испад не е изолиран случај, ниту дело на поединец со нарушена психолошка состојба. Според Андоновска, тоа е резултат на системскиот очај и политичкиот банкрот на СДС, кои, свесни дека немаат што да им понудат на граѓаните, се потпираат на омраза, лаги и повици на насилство.

„Кога мегaфоните на СДС повикуваат на распарчување на премиерот, тоа не е хумор – тоа е црна пропаганда насочена кон создавање страв, поделби и дестабилизација во изборен период. Тоа е дел од стратегијата на една потоната партија, која, наместо идеи, нуди омраза и агресија. Дополнително, фактот што медиуми кои важат блиски до СДС редовно ги објавуваат и промовираат ставовите на Тричковски, покажува дека станува збор за организирана хајка, диригирана од ист центар, со цел да се поттикне тензија, да се создаде впечаток на страв и да се измести фокусот од реалните теми што ја мачат државата и граѓаните. Да нема забуна – ова не е еден човек што зборува сам за себе, ова е гласот на очајот на СДС, кој се слуша преку нивните медиумски издувни вентили. Исто така, треба јасно да се потенцира и одговорноста на медиумите кои ги пренесуваат овие пораки — дали тоа го прават по налог и како дел од сценарио, или затоа што веруваат и се согласуваат со она што тој го пишува; во секој случај тие се соучесници во ширењето омраза и закани“, рече Андоновска.

Таа ги повика надлежните органи да проверат дали Тричковски има формални поврзаности со политички структури.

„Јасно нагласуваме: ова не е слобода на говор, туку повик за убиство — повик за криминален акт против животот на друг човек. Затоа, сите кои ги шират, ги оправдуваат или ќе го штитат овој човек немаат оправдување; тие се соучесници во поттикнувањето и нормализирањето на опасната реторика“, рече Андоновска и ги повика СДС јавно да се оградат од овој, како што кажа, срамен чин.

Најнови вести од: Македонија

Израелската амбасадорка Аисен ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

To top