Македонија

Андоновска: За СДСМ политички да опстане Филипче треба да си поднесе оставка

Владеењето на Филипче и Заев со СДСМ ја доведе партијата до колапс

Нереформираниот СДСМ предводен од Филипче во сенката на Заев, доживеа историски дебакл на овие избори, рече денеска Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Владеењето на Филипче и Заев со СДСМ ја доведе партијата до колапс, а за тоа сведочи и исходот од овие локални избори на кои СДСМ освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници. Истовремено ги изгуби и своите некогашни бастиони. Сè дури СДСМ е управуван од дуото Филипче-Заев, партијата е далеку од каква било можност за прогрес, консолидација и за реформација – вели Андоновска

За СДСМ неопходен е прекинот на папочната врвца со Филипче и Заев, ако сака политички да преживее, потенцира таа.

– Доколку СДСМ сака да го продолжи својот политички опстанок, Филипче треба да си поднесе оставка.  Македонија има потреба од силна опозиција, надвор од периметарот на Филипче и Заев – рече Андоновска.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

To top