Македонија

Андоновски: Забрана за 53 нелегални приредувачи на игри на среќа

Издадена е првата забрана за нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во интервју на Алфа телевизија, кажа дека станува збор за дури 53 портали „Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Со ова се […]

Издадена е првата забрана за нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во интервју на Алфа телевизија, кажа дека станува збор за дури 53 портали

„Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Со ова се забрануваат 53 портали коишто нелегално приредувале игри на среќа во Македонија и на коишто се прикачени македонски играчи на игри на среќа, знаеме дека се од Македонија затоа што се приклучуваат од македонски адреси и ги трошат своите пари’’, појасни Андоновски.

Министерот додаде дека овие портали кои се нелегални, за краток период ќе бидат забранети.

„Овие 53 портали се најактивните, што значи дека имаат најголем број на играчи и најмногу средства, налогот го испративме до АЕК која што во најбрз можен рок, а најдоцна до 7 дена, треба да го препрати до телеком операторите коишто се во Македонија, а тие веднаш да постапат и да ги забранат’’, додаде тој.

Андоновски исто така објасни дека ова е само прв налог за забрана на портали, бидејќи овие 53 се најкористените од нашите сограѓани и дека во следниот период ќе следат уште портали. Тој дополни дека проблемот е и во тоа што парите и информациите што ги предаваат граѓаните кон овие портали, немаме информација каде одат, а многу лесно може да се искористат на штета на граѓаните.

„Имаме група на приредувачи на игри на среќа, коишто потекнуваат од Македонија, но веб страниците се регистрирани на некои други домени, односно не се точка мк, туку точка нет, или точка ком и така натаму, знаеме дека се од Македонија и тука веќе имаме опасност затоа што тука може да се крадат средства. Не знаеме воопшто каде одат средствата на граѓаните, не знаеме каде одат нивните лични податоци коишто тие ги ставаат на тие портали. Затоа и ги таргетиравме најкористените портали,  а веднаш во следниот период, кога ќе помине оваа прва фаза, подготвуваме втор налог и мислам дека во рок од еден месец, ќе стигнеме и до 160 портали’’, заврши Андоновски.

Најнови вести од: Македонија

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top