Македонија

Андријана Јаневска за нападот од СДСМ: Се кријат од тужба зад поставени прашања

Тврдењата се лажни и се шират како дезинформации или политички напади без докази, официјални документи или потврда од институции

Професорката и пејачка Андријана Јаневска реагира на лагите што во прашална форма ги поставува претседателот на Централниот Одбор на СДСМ Герасим Лазов.

,,Деновиве сум мета на организиран напад на социјалните мрежи. Објавите се намерно напишани во прашална форма со очигледна намера да се избегне тужба за клевета.
Вообичаено не се осврнувам на озборувања, но овојпат станува збор за лага во врска со наводни месечни примања, со што се прави обид за моја дискредитација.
За жал, на социјалните мрежи секој може да напише што сака, без да понесе одговорност за напишаното”, објави Јаневска.

Јаневска регира на гласини и постови на социјални мрежи каде се шпекулира дека е советник за култура кај премиерот или на повеќе државни позиции истовремено, со паушали од 50.000 денари по функција.

,,Дали е точно дека пејачката Андријана Јаневска е советник за култура на повеќе државни функционери истовремено?

• Дали е советник за култура кај премиерот Христијан Мицкоски?
• Дали е советник за култура кај претседателката Гордана Силјановска-Давкова?
• Дали е советник за култура и во Министерството за култура кај министерот Зоран Љутков?
• Дали има и други советнички ангажмани во други институции?

❓ Ако е советник на 3 или 4 места, дали од секое место зема паушал од околу 50.000 денари — односно вкупно околу 200.000 денари месечно?

❓ Со што ги заслужила овие привилегии и примања?

❓ Нема ли и други музички уметници што можат да советуваат и да добиваат вакви ангажмани?

❗ Не е ли ред ваквите ангажмани и надоместоци да бидат јавно и транспарентно објаснети?

Јавни функции = јавна отчетност”, пишува Герасим Лазов .

Овие тврдења се лажни и се шират како дезинформации или политички напади без докази, официјални документи или потврда од институции. Нема официјална биографија, сајт на Влада или министерство што ја споменува во таква улога.

Јаневска учествува во Совет за култура при Министерството за култура (како член на стручно-советодавно тело), но тоа не е платена советничка функција со месечна плата, туку волонтерска/експертска улога.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top