Македонија

Ангелов: Нема опасност од ширење на пожарот кај селото Чучер

Да не се шири паника

Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Како што изјави попладнево Ангелов од Чучер, на огнот ќе му требаат неколку часа за да дојде до црквата што наводно била загрозена, според пишувањата по социјалните медиуми.

Во овој момент, нагласува Ангелов, селото е безбедно благодарение на локалните жители, на две екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и на една екипа на „Национални шуми“.

-Се наоѓаме веднаш над селото Чучер кое е делумно загрозено од пожарот што избувна вчера во попладневните часови, но во овој момент од она што можам овде да го видам, нема реална опасност по околните куќи, иако има неколку куќи кои можат да се видат зад мене и се буквално во шума. Благодарение на храбрите локални жители, на две екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и една екипа на „Национални шуми“, во овој момент нема опасност за селото и нема потреба од ширење паника. Паниката не ни помага, црквата што беше загрозена според пишувањата по социјалните медиуми, по моја слободна проценка огнот и да помине му треба неколку часа да дојде до таму, но на лице место има пожарникари и пред се, локално и пожртвувано население, истакнува Ангелов во видео изјавата што ја сподели ДЗС.

Според последните информации на ЦУК, пожарот е лоциран меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, се уште е активен, а горат мешана шума и ниска вегетација.

Очевидци за МИА велат дека мештаните од сите околни села се на терен и помагаат во гаснење на пожарот.

МВР претходно соопшти дека поради пожарот целосно е прекинат сообраќајот кон граничниот премин „Блаце“кој е воедно и затворен.

Најнови вести од: Македонија

Тригодишно дете од Штип затруено со „бензодиазепини“! – Мајката го донела во штипската болница во тешка здравствена состојба!

Тригодишно дете од Штип вчера е примено во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија. По извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиазепини“, соопштија од СВР-Штип.

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Ги развиваме автопатите и железницата, инвестициски циклус од неколку милијарди евра

Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат

Ѓорѓиевски: Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје, најголемото зло, што му се случило изминативе десет години!

Денес на седницата на Советот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека „политичката партија Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје!“

Ќе се гради кружен тек кај Народна банка и две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека средствата се обезбедени без нови задолжувања и дека ќе бидат вложени во проекти кои директно треба да го подобрат секојдневието на граѓаните

Најнови вести

To top