Македонија

Ангелов предупредува: Пред нас е лето со многу пожари

Ангелов прогнозира тешко лето

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупреди дека сезоната на пожари годава започна порано и дека на дневно ниво во земјава се регистрираат по триесетина пожари на отворен простор. Само во јули, односно во овие три дена, како што рече, пријавени се 43 пожари на отворено.

Ангелов на денешната прес-конференција рече дека според прогнозите, најверојатно ни претстои многу тешко лето со многу пожари за гасење. Додаде дека фокусот треба да биде ставен на одбрана на населените места.

„Упатувам апел до поголемиот број граѓани кои имаат викендици или стари куќи во делумно или целосно напуштени села, да се погрижат за своите дворови. Во Валандовско постоеше опасност да изгорат неколку куќи во кои сè уште живеат возрасни луѓе кои го запуштиле дворот и им изникнала трева повисока од еден метар со што пожарот можеше да дојде до прагот на куќите и да ги запали. Апелирам граѓаните да ја искосат тревата и на тој начин ќе ни помогнат во гаснењето на пожарите бидејќи, со вакво темпо, и според прогнозите, најверојатно ќе имаме многу тешко лето со многу пожари за гаснење и нашиот фокус наместо кон гаснење на пожарите ќе треба да биде кон одбрана на населените места“, рече Ангелов на денешната прес-конференција.

Особен апел Ангелов упати до сите граѓани, но и до земјоделците и сточарите, да не палат оган на отворено, да не ги палат своите стрништа ниту пак, сува трева, пасишта и грмушки. Повика граѓаните да ја почитуваат и забраната за движење низ шуми, која стапи во сила пред два дена, а ќе трае до крајот на август.

Директорот на ДЗС рече дека платата на вработените во авио-одделението во Дирекцијата е двојно зголемена што, како што оцени, ќе биде мотивирачки фактор да останат да работат во ДЗС. Воедно ги повика на разговор пилотите што имаат професионална дозвола за летање, а не се ангажирани, да дојдат на дообука и да се стекнат со дозвола за управување со „ертрактор“.

Двајцата пензионирани пилоти на „ертракторите“ од завчера повторно се на располагање на ДЗС откако потпишаа договор за ангажман со институцијата.

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Најнови вести

To top