Македонија

Ангелов: Уредот за хлорирање во Крушево не работел еден час, поради немање струја, случајот не е како во Гостивар

Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со она што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој е раководител и на Главниот штаб за управување со кризи.

На прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Скопје, посветена на состојбите со гостиварскиот водовод, одговарајќи на прашање за состојбата со водата во Крушево Ангелов нагласи дека разговарал со крушевскиот градоначалник веднаш по информацијата дека и водата во крушевскиот водовод не е исправна.

Притоа бил информиран дека поради прекин на електричната енергија, околу еден час не работел уредот за хлорирање на водата.

„Затоа случајот во Крушево ни оддалеку не е сличен на она што се случуваше во Гостивар. Веднаш по тој еден час, уредот што внесува хлор во градскиот водовод продолжил со работа и очекувам состојбата таму веќе да биде целосно стабилизирана. Сепак, повеќе информации треба да се побараат од локалната самоуправа. Нема шојава на луѓе што се жалат на здравствени симптоми и воопшто не треба да се споредуваат овие два случаја“, истакна Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top