Македонија

Антимакедонскиот европратеник Џамбаски не ја „бендисува“ изјавата на Вучиќ дека се бори и Македонија да влезе во ЕУ!

Контроверзниот бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по провокативните антимакедонски изјави и по својот профашистички поздрав во Европскиот парламент, пак се јави на фејсбук. Го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходно изјави дека се бори Македонија заедно со Босна и Херцеговина да влезат во Европската Унија.

Овојпат Џамбаски го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходно изјави дека се бори Македонија да влезе во Европската Унија. Вучиќ ја даде изјавата во контекст на неговите средби со челници во Брисел и идејата дека целиот Западен Балкан треба заедно да влезе во Унијата.

– За тоа се борев. Не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и за Северна Македонија – рече Вучиќ во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина.

Џамбаски, самиот дрзок, го искоментира Вучиќ: „Дрскиот шумадиец ‘со капа шајкача’ се бори Србија, РСМ и Босна и Херцеговина никогаш да не станат дел од ЕУ. По нарачка на штуката“.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top