Македонија

АПИС: Ако нема легални објекти за игри на среќа, ќе има „објекти на црно“

Младите и преку мобилни може да се коцкаат, а аатворањето на легалните објекти за игри на среќа од 10.000 вработени ќе направи 10.000 невработени кои со своите семејства ќе станат најмалку 35.000 нови кандидати за иселеници во западните земји

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) со писмен став реагира на новиот Предлог закон за игри на среќа.

Нивниот став го пренесуваме во целост:

„Потенцираме дека заштитата на младината од евентуална зависност од игри на среќа е наш врвен приоритет и затоа демонстрираме крајно конструктивен пристап. Нашите членки, кои се претставници на реномирани светски брендови од оваа индустрија, водат постојана кампања за подигнување на јавната свест под мотото „Забрането за малолетни лица – 100 % законски“. Во тој контекст одредбите од предлогот за минимизирање на светлечките реклами на објектите и забраната за рекламирање во периодот од 06 часот наутро до 22 часот навечер содржини за промоција, за нас се прифатливи.

Што се однесува до повторното актуелизирање на дистанцирањето на објектите како наводно решение и во овој предлог закон, како Асоцијација сме категорично против и за тоа ќе дадеме следните издржани аргументи:

Прво, дистанцата на одреден бизнис е дискриминаторска и уставно-спорна одредба. Со темелните вредности на македонскиот устав се предвидува ‘слобода на пазарот и претприемништвото’ и оттука крајно спорно е државата да воведува законски ограничувања кои немаат карактер на фиксна рамка, бидејќи не може да се предвидат одредени идни околности во моментот на издавање на лиценца. Имено, дистанца од 500 метри во 2027 може да не биде 500 метри во 2029 година.

 

Трето, дистанцата на легалните објекти за игри на среќа со образложение дека така се заштитува младината, не оди заедно со одредбата со која државата го задржува правото да организира интернет игри на среќа. Младината преку мобилните уреди ќе може од било каде да ја следи или да игра на државната онлајн платформа за игри на среќа. Оттука, дистанцата нема никаков рационален ефект ниту оправдување.

Уште еднаш повторуваме дека дистанцата не само што не е решение туку ќе создаде хаос во општеството. Затворањето на легалните објекти за игри на среќа, како што се случи и во Албанија, ќе предизвика отворање на објекти на црно по подруми каде младината ќе биде лесна цел.

Државата ќе изгуби најмалку 350 милиони евра годишен прилив во централниот Буџет што во моментов е најмалку 6 проценти од проектираните приходи.

Конечно, со ваков пристап државата од 10.000 вработени ќе направи 10.000 невработени кои со своите семејства ќе станат најмалку 35.000 нови кандидати за иселеници во западните земји. Да не зборуваме што штета ќе имаат и 54 до 100.000 други работни места кои индиректно значително ползуваат од овој економски сектор. Албанскиот премиер не случајно ја прекина тамошната четиригодишна забрана на легалните игри на среќа со образложение дека почнале да никнуваат диви играчници како печурки а нивниот државен Буџет изгубил значителни приходи.

Бараме од Собранието да покаже висока демократска свест. Без јавна расправа, без да се чуе мислењето на експертската јавност, секое продолжување на постапката за носење на овој Предлог закон за игри на среќа ќе биде штетен преседан кој ќе предизвика тешки правно-финансиски последици.

Актуелните приредувачи на игри на среќа како најголем работодавец во земјата имаат право да бараат нивниот глас да се слушне. Нема да дозволиме заради дневно политички цели да се разгради актуелниот систем на игри на среќа, кој е еден од најстрого регулираните во регионот и пошироко,“ се вели во писмената реакција на АПИС.

Најнови вести од: Македонија

Николoски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Во второто тримесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 процент во споредба со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Четири ленти, велосипедски патеки и ново осветлување со реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Чаир

Следната недела ќе започне реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Општина Чаир, еден од клучните инфраструктурни проекти во општината, соопшти денеска Општина Чаир

Јаневска: Синот на пратеникот Милошоски не добил стипендија од МОН!

Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на пратеникот Антонио Милошоски, изјави денес министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите на социјалните мрежи дека синот на пратеникот добил државна стипендија од МОН за студирање во странство, на универзитет во Мадрид.

To top