Македонија

Архиепископот на МПЦ-ОА Стефан: Да го чуваме наследството на Свети Климент Охридски, за да се зачуваме и себе си како македонски народ

„Да ги чуваме наследството и споменот на Свети Климент Охридски, зашто само така ќе се зачуваме и себеси. Народот што ги заборава своите духовни учители постепено го губи и чувството за сопствениот пат, за сопствената иднина.“ – порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Ариепископија Стефан синоќа на Свечената академија „Во слава на словото“ по повод 1.110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 100 години од починувањето на Крсте Петков Мисирков.

„Затоа, потребно ни е и денес постојано да го помниме Свети Климент. Оној што го губи историското паметење, го губи и чувството за сопственото потекло, за својата бит, за својата задача и за своето место во светот.Делото на Свети Климент е дел од нашето историско наследство.“ – нагласи архиепископот Охридски и Македонски Стефан.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

To top