Македонија

Силјановска-Давкова на богослужба во црквата „Св. Климент Охридски“ во Љубљана

Претседателката се сретна со припадници на македонската заедница во Словенија, меѓу кои и пратеничката Сандра Газинковски

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во рамките на тридневната официјална посета на Словенија присуствуваше на богослужба во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Љубљана, кадешто изворно го слушна гласот на македонските иселеници.

„Во пријателска атмосфера, разговаравме за нивниот живот далеку од дома, за поврзаноста со татковината и за улогата на македонската традиција, јазик и култура во зачувувањето на македонскиот дух.

Членовите на Сојузот на македонските културни друштва и претставниците на црковните одбори ме запознаа со нивната работа и со напорите што ги вложуваат во негувањето и зачувувањето на македонскиот идентитет.
Преку фестивали, литературни и ликовни настани, фолклорни ансамбли и бројни културни проекти, тие им ја пренесуваат македонштината на младите генерации“, објави шефицата на македонската држава на социјалните мрежи.
Во Амбасадата на Македонија во Љубљана таа се сретна и со пратеничката во словенечкиот парламент од македонската заедница Сандра Газинковски.

 

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top