Македонија

Арифи: Спроти локалните ДУИ е во паника и ги сокрива неуспесите од 20-годишното владеење со корупција и лично богатење!

Колумнистот нагласува дека Албанците имаат моќ да отворат ново поглавје во албанската политика со својот глас на локалните избори и да го сопрат потрошениот модел на владеење на ДУИ.

„Албанците се изморија од доживотните властодршци на ДУИ како Муса Џафери, кои се вртат веќе две децении со својот веќе потрошен модел на владеење, донесувајќи само корупција, лично богатење и застој  на земјата, а не нејзин развој и рамноправност. Спроти локалните избори во октомври годинава ДУИ е во паника и затоа се обидува да се скрие зад лажни приказни, измислува  непријатели и зборува и за вазалство кон ВМРО ДПМНЕ. Наместо нивната иднина да остане во заложништво на ДУИ и нејзините доживотни властодршци, Албанците имаат право и моќ да го сопрат овој стар модел и да отворат ново поглавје во албанската политика со својот глас на локалните избори годинава.“ – нагласува Латиф Арифи, националниот координатор за комуникации и медиуми во Владата на Република Македонија во својата колумна со наслов „ДУИ не може да се крие зад пропагандата, туку фактите говорат сами по себе!“. Колумната ја објави весникот на албански јазик „Фол“.

Латиф Арифи пишува: ДУИ сега е во опозиција и не е повеќе во централната власт. Ова не настана случајно: граѓаните го казнија еден веќе потрошен модел на владеење, кој во текот на 20 години не донесе ниту развој, ниту рамноправност, туку само корупција, лично богатење и застој. На овие локални избори Албанците имаат можност да го завршат овој круг. ДУИ мора да се врати во опозиција и на локално рамниште. Ова не е политичка одмазда, туку општествена неопходност.

Само минувајќи четири години во опозиција, ДУИ ќе здобие можност  да се исчисти одвнатре, да се реформира и да дојде со нови и професионални луѓе. Бидејќи на Албанците се изморија, гледајќи исти лица сиот живот на сцената. Не може да се очекува ништо ново од моделот на Муса Џафери, од властодршците, кои се вртат веќе две децении во „затворен круг“. Тие властодршци станаа заложници на самите себеси, но ја држат во заложништво и иднината на Албанците.

Еден од најголемите неуспеси, за кои ДУИ е директно одговорна, е пописот на населението. Првично, со попишувањето на иселеништвото преку интернет, што предизвика исклучување стотици илјади Албанци, кои живеат во странство, па прогласувајќи го пописот како неуспешен и прекинувајќи го. Потоа, пописот на населението во земјата беше проследен со многубројни дефекти, за кои беа одговорни двете главни личности на СДСМ и ДУИ. Од резултатите на тој попис произлегоа сериозни недостатоци,  а политичкиот договор за поделба на населението на „резиденти“ и „нерезиденти“ беше непростлива грешка. Последиците од овој манипулиран попис денес ги трпат граѓаните во јавното планирање и инвестициите, бидејќи голем дел од населението не е засметан во неговата вкупна бројка.

Како последица на ови дефекти беше намален бројот и на општински советници на октомвриските избори. Затоа, нападите да се изнајде виновникот за ова намалување ДУИ не треба да ги насочува кон позицијата, туку кон самите себе. За ова сведочи и одлуката на Уставниот суд, со која се укина дискриминаторскиот термин „нерезидент“ за граѓаните.

Сепак, наместо да ја прифати вината за овие неуспеси, ДУИ се обидува да се скрие зад лажна приказна, измислувајќи  непријатели, зборувајќи за вазалство кон ВМРО ДПМНЕ, но и ширејќи страв и пропаганда. Меѓутоа, ова се само симптоми на паника. Бидејќи кога немате визија и резултати, ви останува само клевета и измислување непријатели.

За да ги прикријат неуспесите, во игра фрлија самопрогласени аналитичари и заробени медиуми, кои зборуваат на ист јазик како и пропагандните брошури на ДУИ. Но, Албанците веќе дозволуваат да бидат измамени. Тие знаат кој градел хидроцентрали и кој купувал трговски центри, додека народот остана без вода, без патишта, без перспектива.

Затоа, изборите од 19 октомври се момент за историска одлука ДУИ да оди во опозиција и на локално ниво во општините со албанско население. Бидејќи само како опозиција таа може да стане нормална партија, способна да се натпреварува со млади и подготвени кадри, кадри кои повеќе од 20 години немале можност да излезат на виделина, бидејќи сè било заземено од кастата на доживотните властодршци. Ова ќе биде услуга не само за Албанците и за демократијата, туку и за ДУИ. Бидејќи партија, која не се реформира, која не прави место за младите луѓе и која не размислува за своите неуспеси, е предодредена да исчезне. Албанците имаат право и моќ да го сопрат овој стар модел и да отворат ново поглавје во албанската политика со својот глас. –  пишува во својата колумна Латиф Арифи, националниот координатор за комуникации и медиуми во Владата на Република Македонија. 

Најнови вести од: Македонија

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

Филипче го повика Мицкоски заедно да ги стават Бугарите во Уставот и да ја поделат одговорноста! Сигурен е дека „нема да се случи ништо со нашиот идентитет и јазик“!?

Лидерот на СДС Венко Филипче денеска ги повика премиерот Христијан Мицкоски и власта заедно со него да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин. –Сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите. Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите – рече Филипче. Тој не појасни како замислува „заеднички да ја споделувале одговорноста со власта“?

Вреди: Агата Али Ахмети и милионерите од криминалното раководство на ДУИ –Соравија немаат морална доверливост да говорат во името на Албанците!

Партијата ДУИ-„Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес. Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам, нагласува партијата Вреди во своето соопштение.

Мерц бара нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на проширувањето на ЕУ, а Западниот Балкан да добие привилегиран статус и постепена интеграција!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија во кое предлага нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на процесот на проширување. Планот, во кој увид имаа меѓународните медиуми, предвидува постепена интеграција и привилегиран пристап до клучните европски механизми за земјите од Западен Балкан и Молдавија, додека за Украина се предлага специфичен статус на „придружно членство“.

„Курир“: Бандата на Филипче, Заев, Шмрчко, Жерновски, од „државотворна“ станаа патолошка партија! – Врескаат против Савески, кој нема никаква партиска врска како нивните обвинителски ајвани!

„Нов ден, нов пораз и доказ за лажните вести за СДС и Венко Филипче. Се случи нов демант на лажните вести и клевети на подизведувачите на Заев. СДС и Венко пак се изругаа: Јавното обвинителство ја отфрли како неоснована инфантилната кривична пријава против премиерот Мицкоски, во која тие небулозно инсинуираа дека по неговата изјава за неговото ‘чувство’ следува период на кривична одговорност за криминалите и висока корупција на поранешни премиери, министри и функционери (читај Филипче, Заев, Спасовски, Ковачевски, николовски и останата банда).“ – пишува порталот „Курир“ во својот редакциски коментар.

Најнови вести

To top