Македонија

Авионските билети поскапуваат за околу 100 евра

Прекинот на глобалните испораки на нафта поради војната во Иран ја зголеми цената на летовите на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што веројатно ќе доведе до повисоки цени на билетите, соопшти денеска Европската федерација за транспорт. Зголемувањето на цените на горивото за авиони ја зголеми просечната цена на горивото за 88 евра по патник на летови на долги релации што ја напуштаат Европа и 29 евра на летови во Европа, соопшти T&E.

Авионските билети поскапуваат од 30 до 90 евра, поради зголемувањето на цената на горивото, односно керозинот. Како што соопшти Европската федерација за транспорт. Најголемо поскапување авиокомпаниите најавуваат на летовите кон далечни дестинации. Лет од Барселона до Берлин би поскапел за 26 евра по патник, додека патувањето на долги релации од Париз до Њујорк би чинело 129 евра повеќе. Сепак, поскапувањето нема да ги погоди патниците кои веќе имаат купено билети. Има и такви компании кои привремено суспендираа летови кон повеќе дестинации, следејќи го трендот на другите европски превозници кои се обидуваат да ги намалат ризиците и трошоците.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека барем за сега немаат нема добиено никакво барање за откажување на летови, како резултат на недостиг на гориво.

  • „Бидејќи нема откажани летови поради недостиг на гориво, до АЦВ, нема стигнато никакви барања од патници за заштита на нивните права. Инаку, постапката е дека патникот треба да се обрати прво до авиокомпанијата за поврат на финансиски средства и доколку таа не одговори во рок од 60 дена, патникот се обраќа до АЦВ. Сакаме да им укажеме на патниците дека, за нивните патнички права можат дополнително да се информираат на официјалната веб страна caa.gov.mk.“

И туристичките агенции реагираат дека неизвесноста постои. Велат, граѓаните се плашат да патуваат подалеку, оти состојбата се менува од ден во ден. Се надеваат на стабилизација на кризата.

Европската унија најави дека во среда ќе одговори со упатства за управување со ограниченото снабдување со гориво за авиони. Дел од големите авиокомпании, изјавија дека веројатно ќе ги префрлат повисоките трошоци за гориво на потрошувачите, ако Ормускиот теснец остане затворен подолг период.

Раководителите на авиокомпании, вклучувајќи ги „Луфтханза“, „Рајанер“ и „Ер Франс-КЛМ“, во март изјавија дека веројатно ќе ги префрлат повисоките трошоци за гориво на потрошувачите доколку Ормускиот теснец остане затворен подолг период.

„Т&Е“ соопшти дека нивните пресметки покажале дека дополнителните трошоци од зголемувањето на цената на горивото далеку ги надминуваат трошоците со кои се соочуваат авиокомпаниите од почитувањето на политиките на ЕУ за климатските промени.

  • „Кризата на Блискиот Исток докажува дека нашата вистинска ранливост е резервоар полн со странска нафта, а не законите дизајнирани да ја решат“, изјави Дајан Витри, директорка за воздухопловство на „Т&Е“.

Европската унија најави дека во среда ќе одговори со упатства за управување со ограниченото снабдување со гориво за авиони.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

To top