Македонија

Автопатот Гостивар – Букојчани готов до крајот на 2029 година, најави Николоски

Деведесет проценти од експропријацијата е завршена, изјави вицепремиерот на увидот во градежните работи

Заменикот-претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од „одличната динамика“ со која се гради автопатот од Гостивар до Букојчани и очекува таа делница од коридорот 8 да биде завршена до крајот на 2029 година.

Работиме доста интензивно на оваа секција 2, односно на автопатот кој што оди од Гостивар до Букојчани, кој што од другата страна треба да се поврзе на автопатот Гостивар до Тетово, а во долната страна треба да се поврзе со автопатот кој ќе се гради од Букојчани до Кичево. Она што ми е драго е тоа што градежништвото расте, во третиот квартал минатата година растот беше од 21 отсто, што не е запаметено во независна Македонија и така ќе продолжиме во периодот што е пред нас. Обврските што ги имаше државата се веќе завршени, односно околу 90 отсто од експропријацијата е завршена. Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката што ја дава за овој проект, со силна динамика до крајот на 2029 година да го завршиме овој автопат без отстапки од рокот. Задоволство е да се гледа прогресот и да се гледаат добрите резултати!“, изјави Николоски по извршениот увид во градежните работи заедно со претседателот на Владата и со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top