Македонија

Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, Македонија мора да оди напред!

Бадентеровото мнозинство се злоупотребува. Во таков случај, можеби е време да се преиспита неговата примена – изјави Филков.

Министерот за правда Игор Филков во интервју за неделникот „Фокус“, објавено во денешното издание, изјави дека можеби е дојдено време за ревидирање на Бадентеровото мнозинство, нагласувајќи дека „Македонија мора да оди напред“. Коментарот доаѓа во контекст на прашање за неуспешното донесување на измените во Изборниот законик во Собранието, кои требаше да овозможат учество на независни кандидати на изборите.

Новинарот прашал дали ќе има доволно време за усвојување на измените во Изборниот законик, со оглед на предупредувањата од експерти дека без нив, изборниот процес би можел да биде прогласен за нелегален. Ова доаѓа по различните толкувања на премиерот Христијан Мицкоски и Државната изборна комисија (ДИК), кои сметаат дека учеството на независни кандидати е регулирано со подзаконски акт.

Интервјуто е направено пред саботното гласање во Собранието, на кое измените во Изборниот законик не беа усвоени поради недостиг на Бадентерово мнозинство, откако пратениците од ДУИ гласаа против.

Филков изјави: „Се надевам дека до објавувањето на ова издание, Собранието ќе ја заврши својата работа и нема да дозволи правен вакуум. Но, ако тоа не се случи, тогаш очигледно Бадентеровото мнозинство се злоупотребува. Во таков случај, можеби е време да се преиспита неговата примена. Македонија мора да продолжи напред.“

Тој не прецизираше во која насока би се движеле можните промени на Бадентеровото мнозинство.

Реакции на изјавата на Филков пристигнаа уште синоќа од ДУИ. Потпретседателот на партијата и кандидат за градоначалник на Чаир Бујар Османи на Фејсбук напиша дека оваа изјава е доказ дека „планот за уривање на Охридскиот рамковен договор се спроведува чекор по чекор“.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top