Македонија

Балканскиот медиумски камион ја започнува својата турнеја

Турнеја низ 20 градови во шест земји

Балканскиот медиумски камион ја започнува својата турнеја низ 20 градови во шест земји од Западен Балкан: Косово, Босна и Хецеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија и Србија, во периодот од септември до ноември 2025 година. Првата станица е Призрен во Косово, на 8 септември, па продолжува во Митровица на 9 септември, Пеќ на 10 септември, за на 11 септември ја заокружи косовската турнеја во Приштина.

Балканскиот медиумски камион е патувачка платформа во рамките на која се истражуваат вести, слики и критичко размислување. На секоја станица, камионот застанува на централни јавни простори и нуди проекции, квизови и разговори за тоа како настануваат информациите, како се споделуваат и како ги доживуваме. Можност да се собереме, да размениме мислења и да ги согледаме вестите од друга перспектива. Целта е да се поттикне критичко размислување, медиумска писменост и отворен дијалог за улогата на информациите и влијанието на дезинформациите во секојдневниот живот.

„А зошто да зборуваме за медиумска и информациска писменост? Затоа што сите сме постојано изложени на најразлични вести – на социјалните мрежи, преку медиумите или едноставно на улица. Но како да знаеме што е вистина, што е преувеличување, а што е целосна измислица? Медиумската и информациската писменост ни помага да разликуваме факти од измислици, да разбереме како се создаваат вестите и да го зајакнеме критичкото размислување“, велат организаторите.

Балканскиот медиумски камион е иницијатива што ја спроведува CFI – Француската Агенција за развој на медиуми во партнерство со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамките на проектот Shared Horizons.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top