Македонија

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

Костадиновски  одговори на повеќе актуелни теми поврзани со одлуките на Судот, положбата на судската и уставно-судската власт, Законот за употреба на јазиците, Колективниот договор за култура, уставната тужба, политичките притисоци врз Судот и реформите што, според него, се неопходни за зајакнување на институцијата. Тој упати јасна порака до јавноста во врска со Законот за употреба на јазиците за кој се води предмет во Судот, нагласувајќи дека неосновано се создаваат стравови и политички тензии околу ова прашање. Според него, Уставниот суд нема намера да ограничува права, туку напротив – да ги заштити и да ги унапреди.

„Сакам да упатам еден апел бидејќи гледам премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик.Тоа е апсолутно  неточно!“ – нагласува Костадиновски.

Тој укажува дека одлуките на Судот ќе имаат за цел да ја олеснат практичната примена на правата. „Нашите одлуки можат само да ја олеснат примената на албанскиот јазик така што нашите согрѓани Албанци да бидат спокојни никој нема да го чепне албанскиот јазик“

Костадиновски посочи дека мислењето на Венецијанската комисија не треба да се толкува селективно, бидејќи содржи и пофалби, но и забелешки. „Прво Венецијанската комисија кажува за разлика од законот од 2008 година…овој закон од 2018 година значително ја проширува употребата на албанскиот јазик, значително и тоа Венецијанската комисија вели дека тоа е за пофалба дури и вели се поздравува волјата на властите во Македонија за унапредување на јазикот на заедниците и тоа навистина за пофалба, но Венецијанската комисија вели одредени одредби во одредени области се оди предалеку“. – укажува Костадиновски.



Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top