Македонија

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Натаму, покрај другото, овој политички аналитичар од Косово пишува: Протестот на студентите-Албанци беше најасниот сигнал дека овој модел ја достигнал својата граница. Дека Албанците повеќе не се чувствуваат претставени, оти повеќе не се еднакви, туку се предмет на преговори. И тука започнува најопасниот дел. Бидејќи ако овој курс продолжи, ако правата продолжат да се релативизираат и претставувањето ослабне, тогаш опасноста повеќе не е теоретска. Судирот од 2001 година не беше случајност. Тој беше резултат на акумулација на неправди и момент кога рамнотежата беше нарушена.

Во тоа време, постоеше одлучувачки фактор што ја запре ескалацијата, Соединетите Американски Држави. Денес, овој фактор повеќе не е присутен со иста тежина. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област која отсекогаш била кревок тампон на Балканот. И ако овој пат продолжи, одговорноста нема да биде на Албанците. Бидејќи Албанците, со сите свои грешки, направија повеќе од кој било друг за да ја држат оваа земја подалеку од слепиот етнонационализам.

Албанците прифатија компромис, изградија коегзистенција и ја одржаа рамнотежата. Ако се наруши оваа рамнотежа, тогаш вината ќе има име. А тоа име е политиката што денес ја турка Македонија кон опасност што добро ја знае, но се однесува како да не постои. Ако нема целосно разбирање на сегашноста, нема визија за иднината. – тврди Батон Хаџиу во своето писание, исполнето со заканувачка интонација.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top