Македонија

Беким Сали ќе биде прв вицепремиер на местото на Изет Меџити

Наследник на Изет Меџити, кој денеска ја презеде градоначалничката функција во Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на Вреди, Дритон Сулејмани.

Наследник на Изет Меџити, кој денеска ја презеде градоначалничката функција во Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на Вреди, Дритон Сулејмани.

– Ние веќе функционираме како Вреди и досегашните министри кои беа министри на Вреди, а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Сѐ уште нема конкретно име – рече Сулејмани одговарајќи на новинарски прашања.

На прашањето што очекува да се случува со ДУИ по изборите, рече дека тие како партија се со став дека во ДУИ се потребни промени, но не очекуваат дека нешто драстично ќе се промени во таа партија.

– Очекувани се такви изјави по овој пораз што им го нанесоа граѓаните на последните локални избори. Ние уште одамна имаме дадено изјава дека во ДУИ се потребни промени, дека оваа политичка гарнитура нема реална визија како да се напредува во оваа држава и цело време деклартивно влијаеја на целата политичка сцена. Се надеваме дека сериозно ја сфатија пораката на граѓаните и оти ќе има реформи таму, но очекуваме дека тие реформи ќе траат малку подолго со оглед на тоа што знаеме како досега настапувале на политичката сцена и не сме многу оптимисти дека реално ќе има некакви промени во нивниот политички табор – рече Сулејмани.

 

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top