Македонија

Берете памет каде терате и кој ви подметнува пропаганда креирана со AI, апелира Чилиманов

Дата центрите се клучни за економска трансформација и одбрана во ерата на вештачката интелигенција

Политичкиот аналитичар и новинар Цветин Чилиманов во своја објава ги брани плановите за изградба на дата центри во Македонија, во контекст на критиките што ги упатува СДСМ. Тој ја поврзува инфраструктурата за вештачка интелигенција со идниот развој на економијата, вработувањето и националната безбедност.

Според Чилиманов, во моментов вештачката интелигенција главно се користи за генерирање слики, „глупи/смешни видеа, слоп и кликбејт“. Меѓутоа, за неколку години таа ќе се поврзе со дронови и роботи. Во тој процес на трансформација многу луѓе ќе останат без работа – и во канцелариските работни места, и во јавната администрација, и во реалната физичка економија. Паралелно со тоа, ќе се отвори простор многу повеќе луѓе да станат претприемачи и да ги обноват гранките што некогаш постоеле, а сега се замрени поради недостиг на работна сила.

Како примери ги наведува сточарството (роботи и дронови наместо овчари, бидејќи „немаме деца за овчари“), земјоделството, лозарството и тутунарството (роботи што ќе го ниже тутунот и потоа ќе везат кошули), како и градежништвото. Позитивната визија што ја нуди е економија на мали компании и фарми, автомеханичарски работилници, фасадерски фирми, текстил, шумски стопанства и плантажи со индустриски растенија – со еден газда што користи роботска работна сила. Дејностите што ги имавме, а исчезнуваат поради демографскиот пад, би можеле да се вратат.

Тие роботи, истакнува Чилиманов, мора да бидат движени од вештачка интелигенција што ќе доаѓа од дата центрите. „Македонија ќе може да извезува козјо и овчо месо и млеко, вино и тутун, па и руда, произведени со бесплатна вештачка работна сила. Зборуваме за експоненцијален раст на продуктивноста кој ни е потребен бидејќи имаме огромен проблем да ги обезбедиме потребните ресурси за грижа за населението кое старее. Но, тоа е можно само ако дозволиме да се изгради потребната инфраструктура.“

Тој предупредува и на негативните сценарија. Во случај на „роботски/дроновски војни“ земјата ќе може да се одбрани само ако има соодветна инфраструктура. Средна варијанта е да се избегне војна, но новите технологии да се монополизираат во рацете на неколкумина, што би довело до олигархиски модел „нешто слично како сега само по sci-fi“, наместо економија на мали и средни компании.

Чилиманов на крајот повикува на претпазливост: „Во секој случај, берете памет каде терате и кој ви подметнува пропаганда (која исто е креирана со вештачка интелигенција).“

Објавата доаѓа во период кога изградбата на дата центри е предмет на политичка дебата, а СДСМ ја критикува иницијативата. Чилиманов ја претставува инфраструктурата како предуслов и за економски раст и за стратешка безбедност во иднината што доаѓа со роботиката и напредната вештачка интелигенција.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top