Македонија

Без комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години во Гази Баба

Старосната граница зголемена од првичните 29 години за да се опфатат што повеќе млади семејства од општината

Младите до 35 години од Општина Гази Баба се ослободуваат од плаќање комуналии за изградба, доградба или надградба на својот прв дом, објави градоначалникот Бобан Стефковски, додавајќи дека станува збор за исполнување на едно од ветувањата во предизборната програма.

Мерката првично требаше да се однесува на младите до 29 години, но старосната граница е зголемена за да опфати што поголем број семејства со намера да го изградата своето прво живеалиште, појаснува тој.

Условите се: кандидатите да имаат најмногу 35 години на денот на поднсеување на барањето, да се жители на Општината, да градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопстевност, тој да се гради исклучиво за лични станбени потреби, да се поднесе комплетна техничка документација според Законот за градење и и објектот да се користи за сопствено домување најмалку 10 години.

„Со оваа мерка ги стимулираме младите да останат тука, во нашата општина, да создадат свој дом, своја иднина и своја приказна. Ги повикувам сите млади брачни парови да ја искористат оваа можност и да го направат следниот чекор кон својот дом, своето семејство и својата иднина“, порача Стефковски.

Идентична мерка од април годинава се применува и во Општина Аеродром.

 

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

В година нова авиолинија Дубаи – Скопје

Новата линија ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот, особено затоа што ќе функционира и во периодот надвор од летната туристичка сезона. Николоски соопшти и дека се разговара за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Како можни дестинации ги посочи Абу Даби и Шарџа.

Пензиите од октомври ќе бидат повисоки за три отсто

Усогласувањето на пензиите во Македонија ќе се реализира според законската формула утврдена во членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и ќе изнесува 3 отсто. Зголемените примања пензионерите ќе ги добијат на почетокот на октомври, бидејќи пензиите се исплаќаат за претходниот месец.

To top