Македонија

Без возачка – без возило: за пет дена одземени 21 автомобил низ државата

МВР

Во периодот од 1 до 5 февруари 2026 година, на територијата на целата држава, по насоки на јавен обвинител, одземени се вкупно 21 возило, информира Министерство за внатрешни работи во одговор за „Скопје1“.

Од МВР појаснуваат дека возилата биле управувани од лица кои немале положено возачки испит, односно управувале без возачка дозвола, што претставува тешко прекршување на сообраќајните прописи.

Одземањето на возилата се врши согласно измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидена построга санкција за безобѕирно управување со моторно возило, а мерката се применува како превенција и заштита на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Од полицијата најавуваат дека контролите продолжуваат и во наредниот период, а секое управување возило без возачка дозвола ќе биде санкционирано согласно важечките законски решенија.

Најнови вести од: Македонија

Се унапредуваат условите во ПС Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар

To top