Македонија

„Безбеден град“ од вчера ги лови и прекршоците на мотоциклистите

Нека не се изненадат оние кои глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, порача министерот Тошковски

Мотоциклистите од вчера повеќе не се невидливи за камерите на системот „Безбеден град“, кои веќе ги регистрираат нивните сообраќајни прекршоци.

„Ексклузивно, од вчера е започнато со детектирање и автоматско ловење и на мотоциклите на територијата, таму каде што го имаме имплементирано ‘Безбеден град’“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Нека не се изненадат оние кои глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, дека ќе бидат предмет на санкционирање од страна на системот ‘Безбеден град’“, додаде тој.

„Најдовме технички начин како да бидат и тие констатирани во рамките на сторувањето на прекршокот за возење со недозволена брзина“, порача првиот човек на МВР.

Најнови вести од: Македонија

To top