Македонија

Безбедноста и здравјето при работа – инвестиција во луѓето и економијата: Започна проектот „Кон безбедна и здрава работна средина“

Намалување на бројот на повреди и заболувања на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на системот за инспекција на трудот, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа

Намалување на бројот на повреди и заболувања на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на системот за инспекција на трудот, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа и унапредување на националните капацитети за управување и обезбедување услуги во оваа област, е клучната цел на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“.

Проектот, чија реализација ќе трае до октомври 2028 година, го имплементира Меѓународната организација на трудот (МОТ), со финансиска поддршка од Европската Унија.

„Безбедноста и здравјето при работа не се само технички или административни категории. Тие се основни човекови права и показател за тоа колку едно општество навистина се грижи за својот човек. Тие ја одразуваат зрелоста на една држава, не само во економска, туку и во морална и институционална смисла. Сосема отворено, мораме да признаеме: состојбата со безбедноста и здравјето при работа во Македонија сè уште не е на нивото на кое тежнееме. Податоците покажуваат дека бројот на повреди на работа и понатаму е висок, а системите за управување со ризици не се доволно распространети, особено во малите и средни претпријатија. Владата останува целосно посветена на изградба на систем кој ќе гарантира сигурни, здрави и продуктивни работни места за сите граѓани. Со поддршка на меѓународните партнери, со социјалниот дијалог и со знаењето на нашите експерти и академици, уверен сум дека ќе изградиме одржлива и современа култура на превенција – достојна за земја што чекори кон Европската Унија“, истакна заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски, во своето обраќање на официјална промоција на Проектот.

Советникот на Делегацијата на ЕУ, Александру Албу, истакна дека проектот претставува уште еден конкретен чекор во приближувањето на земјата кон европските стандарди.

„Безбедните и здрави услови за работа не се само законска обврска – тие се основна европска вредност. ЕУ ги поддржува сите напори на Северна Македонија да создаде систем во кој превенцијата има предност пред реакцијата, а здравјето на работниците се смета за подеднакво важно како и економскиот раст. Инвестирањето во безбедност и здравје при работа води до поголема продуктивност, помал број на боледувања, помотивирани вработени и поконкурентни компании. Овој проект ќе ѝ помогне на земјата да го усогласи својот правен рамковен систем со директивите на ЕУ, да ги дигитализира процесите на трудовата инспекција и да воспостави национален систем на податоци што ќе овозможи управување со ризиците засновано на докази и ќе поттикне подобар социјален дијалог меѓу работодавачите и работниците“, истакна Албу.

Директорката на Регионалниот центар на МОТ во Будимпешта, Клер Харасти, преку видео порака, нагласи дека успехот на секоја економија зависи од тоа колку го вреднува здравјето на своите луѓе.

„Северна Македонија направи значаен чекор со овој проект кој ги обединува сите – Владата, синдикатите и организациите на работодавачи – во заедничка цел: да создадат побезбедни, поздрави и поправедни работни места. МОТ со гордост ја поддржува оваа иницијатива која ја спојува експертизата, превенцијата и дијалогот. Преку обуки, техничка поддршка и споделување на добри практики, ќе работиме на надградба на системот . Нашата мисија е јасна, да го претвориме правото на безбедно и здраво работно место во реалност за секој работник, во секој сектор“, истакна Харисти.

Регионалната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, во своето обраќање додаде дека безбедноста при работа е директно поврзана со глобалните Цели за одржлив развој.

„Безбедноста и здравјето при работа се суштински дел од Агендата 2030. Тие не се само прашање на заштита на животите, туку предуслов за достоинствен труд, еднаквост и социјална правда. Обединетите нации стојат зад Северна Македонија во нејзината определба да создаде општество во кое секој човек ќе може да работи без страв од повреда, болест или дискриминација. Со овој проект, државата го зајакнува својот капацитет да ги претвори меѓународните стандарди во реалност, што ќе се чувствува во секоја компанија и на секое работно место“, потенцираше Колумбија.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, посочи дека овој проект отвора ново поглавје во националната политика за безбедност и здравје при работа.

„Заштитата на здравјето и животот на работниците е темелна вредност и законска обврска, но пред сè морална должност на сите. Со овој проект почнуваме нова фаза во која ќе создадеме модерен систем, со јасна стратегија, дигитални алатки и посилна инспекција. До 2028 година, нашата цел е земјата да има нова, современа рамка за безбедност и здравје при работа, усогласена со највисоките стандарди на МОТ и ЕУ. Превенцијата е најдобрата инвестиција – во луѓето, во компаниите и во иднината на економијата“, порача Дурмиши. Во рамки на настанот се одржа и панел-дискусија на која за безбедноста и здравјето при работа, како приоритет за земјата, своите размислувања и ставови ги споделија директорот на Државниот инспекторат за труд, Гани Максути, претседателката на Советот за БЗР, Јасмина Чалоска, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, претседателот на КСС, Благоја Ралповски, извршниот директор на ОРМ, Светлана Ристовска–Антиќ и претседателот на БКМ, Миле Бошков. Во рамки на дискусијата тие ја потенцираа неопходноста од ефикасен социјален дијалог и континуирана соработка меѓу институциите, работниците и работодавачите во унапредување на условите за работа, намалување на бројот на повреди и изградба на култура на превенција и одговорност на сите чинители во системот.

Клучни активности и очекувани резултати од Проектот

Проектот предвидува:

– Изработка на Национална политика и стратегија за БЗР 2026–2030;

– Целосно усогласување на домашната законска рамка со конвенциите на МОТ и директивите на ЕУ;

– Засилен инспекциски систем преку нов центар за обука и воведување нови методологии, дигитализација на инспекциските процеси и нов систем за управување со предмети;

– Воспоставување национален ИТ-систем за пријава и анализа на повреди и професионални заболувања;

– Поддршка на социјалните партнери со обуки, прирачници и мали грантови;

– Интеграција на БЗР во образованието и национални кампањи за подигање на јавната свест.

Очекуваните резултати до 2028 година вклучуваат: усвоена Национална стратегија за БЗР, модернизиран инспекциски систем, оперативна БЗР-платформа со реално-временски податоци, посилно партнерство меѓу Владата, работодавачите и работниците и подобрена култура на превенција во компаниите и образовните институции.

„Безбедноста и здравјето при работа не се трошок – тоа е инвестиција во луѓето, во продуктивноста и во иднината на економијата“, порача Милан Петковски, национален проектен координатор, истакнувајќи дека реализацијата на овој Проект ќе овозможи создавање на модерна, интегрирана и превентивна национална БЗР рамка што е предуслов и своевидна гаранција за посигурни, поздрави и поодржливи работни места за сите граѓани.

Зошто овој Проект е важен

Статистичките податоци покажуваат дека на глобално ниво годишно се случуваат 2,9 милиони смртни случаи и над 400 милиони повреди на работно место, што на светската економија ѝ нанесува загуби од околу 4% од глобалниот БДП. Во ЕУ, економските загуби се проценуваат на 3,3% од БДП на Унијата, што изнесува околу 460 милијарди евра. Ако се примени оваа стапка, тогаш економските загуби предизвикани од повредите на работно место во нашата земја би изнесувале помеѓу 500 и 600 милиони евра годишно. Овие бројки го покажуваат значењето на вложувањата во превенција и подобри услови за работа.

Во 2023 година, Државниот инспекторат за труд спроведе над 22.000 инспекциски надзори, при што во речиси половина од случаите се утврдени неправилности. Ова покажува зголемена инспекциска активност, но и потреба од понатамошно јакнење на институционалните капацитети. Земјата бележи континуиран напредок во усогласувањето со европските директиви за безбедност и здравје при работа, но националната регулатива сè уште не е целосно усогласена со стандардите на МОТ и ЕУ, што е една од клучните задачи на овој Проект.

Најнови вести од: Македонија

Сали: Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во 2007, оти беше без одлука на владата, a протестите на ДУИ се политички мотивирани!

Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, изјави денеска Беким Сали од коалицијата Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Сали појасни дека новата постапка во Тетово веќе е започната, но овој пат ќе се води строго според законските прописи.

Димитриевски: СДСМ е друштво во ликвидација и стечај, ликвидатор му е Филипче, а го координираат од Струмица!

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски изјави дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички лаги и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики, поради кои ја изгуби довербата на граѓаните. Тој оценува дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај.

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и другарите повторуват лаги како папагали – пензиите не се загрозени, буџетот не е празен!

Венко Филипче и неговите другари лагите ги повторуваат како папагали. Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги.Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Анри Барбис: Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци!

„Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци. Нам ни припаѓа правото јасно и високо да протестираме против поробувањето и угнетувањето на еден народ.“  – напишал Анри Барбис на во својата статија со наслов „Поробен народ“ („Un peuple asservie“), која е објавена на 28 јуни 1930 година во публикацијата „Монд“ број 108. Барбис е блескав француски писател, добитник на највисоки француски државни награди за вредностите на својата литература. Во „Поробен народ“ овој француски писател употребува директно за Македонците оригинални француски формулации „une nation“, „langue distincte“ и „originalité ethnique“, кои во францускиот политички и интелектуален речник од тоа време имале многу силно значење и означувале: посебен народ, посебен идентитет и различен, посебен јазик. Формулациите на Барбис „свој посебен јазик“ и „неоспорна етничка оригиналност“ се јасно признавање на постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик среде интелектуална Франција и интелектуална Европа. Уште пред сто години, Барбис зборува експлицитно за Македонците како посебна нација, а не како дел од друга балканска нација.

Муцунски: Нема „северномакедонски народ, идентитет и јазик“, туку само македонски народ, јазик и идентитет, секое нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-расправата „ ЕУ и Западниот Балкан: заедничко решавање на недовршените работи“ во рамки на Дубровник- форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето министерот Муцунски се осврна на актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, оценувајќи дека тие можат да бидат значајна алатка, ако претставуваат мост кон полноправното членство. „Ако новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш ќе биде исклучително корисен. Но, мора да внимаваме да не стане алатка, која ќе создаде трајна чекалница без врата кон целосно членство“, истакна Муцунски.

Лефков: Филипче е слуга на Бугарија и не го засегаат нејзините напади врз Македонија, идентитетот, јазикот и историјата!

„Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС, кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија!“ – нагласи на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорче Петров, жестокиот борец против врховизмот и великобугарските посегања кон Македонија, „земјата врз која се излеал сиот божји благослов“

Денеска се одбележуваат 105 години од убиството на Ѓорче Петров, еден од идеолозите на македонската револуционерна борба  за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти. Неговиот став кон Бугарија и бугарската политика бил критичен – тој се борел за самостојна македонска ослободителна борба и остро се спротивставувал на бугарските врховистички обиди и мешања во внатрешните работи на Организацијата. Ѓорче Петров бил еден од авторите на Уставот на ТМОРО, чија цел била создавање самостојна македонско-одринска област. Тој бил жесток противник на бугарскиот Врховен комитет (врховистите), кој се обидувал да ја стави македонската револуционерна борба под контрола на официјална Софија. Во своето капитално дело „Материјали по изучувањето на Македонија“, тој ги отфрлил стремежите на соседните држави. За бугарските и српските пропагандни тврдења дека македонското население е бугарско, односно српско, тој јавно истакнал дека „тие докажувања не вредат ни луле тутун“. Во 1920-тите години дошол во сериозен политички судир со Тодор Александров. Ѓорче Петров бил убиен на 28 јуни 1921 година среде Софија, по налог на Тодор Александров, а атентатот го извршил Турчинот Реџеп.

Најнови вести

To top