Македонија

Билјана Ивановска ќе даде исказ во Обвинителството

Не е познато кој е подносителот на пријавата против поранешната антикорупционерка, ниту за кое кривично дело станува збор

 

Поранешната претседателка на Антикорупциска денеска се очекува да даде исказ во Обвинителството по кривична пријава поднесена против неа од страна на физичко лице

Од Јавното обвинителство не откриваат ниту кој е подносителот, ниту за кое кривично дело станува збор.

Билјана Ивановска е кандидатка за градоначалник на Општина Центар од иницијативата „Независни заедно“.

Од ЈО истакнуваат  дека повикот за распит не е поврзан со нејзината кандидатура, туку дека поканата до Министерството за внатрешни работи ја испратиле уште на 25 јули, а времето на доставата се совпаднало со нејзината одлука да влезе во изборната трка.

На Ивановска ѝ била понудена можност распитот да се одложи за по локалните избори доколку таа смета дека поканата може да се протолкува како притисок во текот на изборната кампања.

„Со оглед на нејзината јавна реакција, надлежниот јавен обвинител телефонски ја контактираше Ивановска и ѝ даде можност, доколку сака и доколку исказот го чувствува како форма на притисок, истиот да се помести по завршувањето на изборите,“ наведоа од Обвинителството.

Ивановска, пак, реагираше дека поканата ја добила само 11 часа откако ја соопшти својата кандидатура, но додаде дека нема намера да ја одложи постапката и оти ќе се појави во Обвинителството бидејќи нема што да крие.

Пријавата за која преземаат дејствија е поднесена уште на 18 февруари годинава.

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top