Македонија

Битка за статусот: Се крои извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО

Се подготвува извештајот од страна на македонските власти а формиран е и кризен штаб кој работи на препораките и обврските за заштита на природните и културните вредности на охридскиот регион. Министерот за култура Љутков во февруари очекува позитивна оценка од Унеско, вели направено е доста но потребна е комуникација и со албанската страна.

Се крои Извештајот за состојбата со заштитата на Охридскиот Регион, кој во февруари ќе биде презентиран пред Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Документот треба да даде јасна слика до каде се институциите со спроведување на препораките, што конкретно е преземено за зачувувањето на културното и природното богатство. Според надлежните еден од клучните проблеми во процесот е тоа што од албанска страна со години немало конкретни активности.

  • „Формиран е и кризен штаб преку Владата претходниот месец, кој работи на препораките. Доста работи се направени, не можам да кажам дека не се направени, но повторно ќе нагласам дека комуникацијата помеѓу двете страни – македонската и албанската – е многу важна во целиот процес. Ние можеме да завршиме голем дел од препораките што ги имаме како Министерство за култура на Македонија, но доколку од другата страна тоа не е завршено, тогаш повторно има критики од страна на Комисијата на УНЕСКО“, изјави министерот за култура Зоран Љутков.

Според експертите, потребна е итна офанзива со конкретни мерки од сите институции, но и граѓаните.

  • „Морам да признаам дека многу боли тоа што светот нè препознава по брендот УНЕСКО, а ние самите сме најголеми непријатели на тој бренд. Ние, охриѓани – граѓаните, заедницата, хотелиерите, бизнис-заедницата, сите заедно – треба да го сочуваме градот за идните генерации“, изјави Нина Кепеска туризмолог.

И покрај тоа што 40 организации од регионот и Европа бараа од Комитетот да го впише Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност, Комисијата во јули лани донесе одлука Охрид да добие уште една шанса, дополнителен рок од една година за исполнување на препораките.

Најнови вести од: Македонија

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

Најнови вести

To top