Дозволете ми, на сите верници од исламска вероисповед, да им упатам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Рамазан бајрам, се вели во честитката упатена од претседателката на Македонија по повод денешниот празник на верниците од иисламска вероисповед..
„Овој празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. Рамазан бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов.
Енергијата и топлината на светиот месец не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, тие се чувствуваат во целата заедница.
Во време кога човештвото се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина.
Да продолжиме да ја негуваме пријатната атмосфера во текот на целата година и да бидеме исполнети со благост, солидарност и емпатија. Со цврста волја, силна верба и заедништво, ќе ги надминеме сите предизвици и тешкотии.
Бајрам Шериф Мубарек Олсун.
Благословен и честит нека е празникот Рамазан бајрам“ честиташе претседателката..