Македонија

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова до еврејската заедница по повод Јом Кипур

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.

– Дозволете ми, Вам, лично, и на сите припадници на Eврејската заедница од сѐ срце да Ви посакам најсветиот еврејски празник – Јом Кипур да го поминете, пред сѐ, во добро здравје, исполнети со радост и љубов, се вели во пораката на претседателката Сиљановска-Давкова упатена кон Пепо Леви.

Како празник на покајанието, искупувањето и помирувањето, Јом Кипур е живо сведоштво за еврејскиот светоглед и духовност којашто ја облагородува и нашата заедничка татковина.

– Верувам дека празнувањето на Јом Кипур е уште една убава можност да ја покажеме сплотеноста и силата на вековното меѓусебно почитување и уважување без разлика на верската или етничката припадност, порачува Сиљановска-Давкова.

– Заедно, посветено и бескомпромисно да продолжиме да ја градиме македонската република како демократска и просперитетна држава и да обезбедиме благосостојба на сите наши граѓани.

G’mar chatima tova.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top