Македонија

Блокадите за Македонија од Бугарија и од Грција во изјава на Пленковиќ

Според хрватскиот премиер, Загреб има конструктивен пристап кон Подгорица, за разлика од Софија и Атина кон Скопје

Аргументирајќи ги осумте услови од Хрватска за продолжување на евроинтегративниот пат на Црна Гора, премиерот Андреј Пленковиќ се повика на блокадите од Бугарија и од Грција за Македонија за да го поткрепи конструктивниот пристап на неговата земја кон Подгорица, според него.

„Ја потенцирам конструктивната позиција на Хрватска. Го имате примерот со Северна Македонија, која уште во 2000 година, кога го имавме загрепскиот самит на врвот, беше пред Хрватска во институционален поглед. Пред Хрватска. А тие сè уште не ги отворија преговорите. Постојат две држави кои од 2005 до 2026 година ѝ зедоа 21 година институционално приближување на Северна Македонија кон Европската унија. Хрватска не го зазеде тој пристап. И покрај тешкото наследство, ние пристапивме многу конструктивно кон Црна Гора и во тој конструктивен процес ги издвоивме оние точки за кои сметаме дека Црна Гора треба да ги исполни“, изјави Пленковиќ во пресрет на дводневниот состанок на Европскиот совет во Брисел со процесот на проширувањето на Унијата како една од точките на дневниот ред.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

To top