Македонија

Ботовите на СДСМ со анализа на скалпот на Орце и Коце, молчат за влакната на Каја Шукова и Петре Шилегов

Соочени со катастрофален пораз се занимаваат со недостаток на влакна и боја на коса

Се загрева предизборната атмосфера на социјалните мрежи каде поддржувачите на двете најголеми партии веќе ја почнаа кампањата во обид да го дисквалификуваат политичкиот противник, понекогаш и со неморални постови.

 

Ботовите на СДСМ кои се наоѓаат во тешка ситуација затоа што според анкетите нивната кандидатка за градоначалник на Скопје Каја Шукова може да загуби уште во првиот круг, се обидуваат да го понижат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

 

Една од главните ботови на СДСМ на социјалната мрежа Х поранешен Твитер со профил Професорката Мила објавува анализа на густината на скалпот на Орце Ѓорѓиевски и за бојата на косата на екс градоначалникот на Скопје Коце Трајановски но молчи за влакната на косата на Каја Шукова и Петре Шилегов кој го водеше Скопје по Коце Трајановски и благо кажано не се прослави.

 

,,Какво сељачко дуо. Едниот пензионер исфарбан како папагал, другиот со 5 влакна и кило гел залижан преку глава. Немој после да се жалите и да се прашувате зошто е Скопје, какво што е”, пишува  ботот на СДСМ во недостаток на други аргументи важни за кампањата.

 

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top