Македонија

Боже ми прости за магични моќи на Богородица со Мирза Селимовиќ, Цеца, Шерифовиќ …

Каде сте Македончиња, каде се каде се изгубивте?

Во сатиричен текст со наслов ,,ПРЕДЛОГ” Богдан Илиевски ги коментира македонските политичари кои за големиот христијански празник Богородица на 28 Август во земјава носат музичари од соседството кои ги плаќаат прескапо и со тоа се фалат.

На рекламите за концертите на Богородица кои ги објавува Илиевски алијас Бетмен Велит има премногу малку  македонски пејачи.

Тој дава ироничен предлог како да се замени традиционалната изрека која се користи за луѓето што шетаат низ просторите на екс Југославија.

,,Во чест на Пресвета Богородица (Боже ми прости!) ќе имало магични ноќи со Мирза Селимовиќ, Цеца, Дејан Петровиќ, Саша Ковачевиќ :)))))

 

Ваму на гроздобер слаткар продакшан букирале некоја Џехеверовиќ, Беквалац, Харис Џиновиќ, Шерифовиќ.

 

А сега предлогот.

 

Анегдоталната приказна „кога одиш низ Македонија немој ни да играш, ни да пееш“ да се промени во „кога одиш низ Македонија исто ко низ бановина, свиркај, пеј и тезги жнеј“.

 

Ама се додека имаме турско ропство во сериите и српско ропство во музичките „спектакли“, без ИЧ вложување во сопствени серии и музика (чест на ИСКЛУЧОЦИ), ќе е вака.

 

Вашар. Идентитетот лесковачки роштиљ, крај охридското езеро”, пишува Илиевски.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top