Македонија

Божиновска-Медеб: Иновации и ВИ во служба на енергетската транзиција

Божиновска ја истакна важноста на дигитализацијата и сајбер безбедноста во енергетските компании и институции, потенцирајќи дека тоа е предуслов за финансиски одржливи и транспарентни проекти

Продлабочување на соработката меѓу Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и УНДП во повеќе приоритетни области – енергетска ефикасност, дигитализација, сајбер безбедност и развој на човечкиот капитал беа во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со Риад Медеб, директор на Хабот за одржлива енергија при Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) која се одржа во рамки на форумот IFESD-14 во Скопје.

Како што информираат од Министерството, на средбата Медеб ја пофалил Македонија за проактивниот пристап во развојот на локални енергетски заедници и истакнал дека новиот Закон за енергетика е напреден и создава солидна основа за понатамошен развој на енергетскиот сектор. Тој нагласил дека УНДП ќе продолжи да биде стратешки партнер на земјата во транзицијата кон зелена економија, со поддршка за имплементација и усогласување на регулативата со европските стандарди.

-Министерката Божиновска ја истакна важноста на дигитализацијата и сајбер безбедноста во енергетските компании и институции, потенцирајќи дека тоа е предуслов за финансиски одржливи и транспарентни проекти. Во фокус на разговорот беа и новите технологии и можностите за примена на вештачка интелигенција (AI) за подобрување на енергетската ефикасност – преку предвидување на потрошувачката, оптимизација на ресурсите и автоматизација на системите за управување со енергија, стои во соопштението на Министерството.

Посебен акцент бил ставен и на јакнењето на капацитетите и вклучувањето на жените во праведната енергетска транзиција, како и на развивање на програми за обука и образование во областа на одржливата енергија.

-Во насока на поттикнување на иновациите, беше предложо и воспоставување на „Лабораторија за иновации во енергетиката“, која би служела како простор за тестирање нови технологии, поддршка на стартапи и промовирање на одржливи решенија. Министерката Божиновска нагласи дека Македонија е подготвена да биде партнер на УНДП во развој на вакви модели, кои ќе го забрзаат процесот на енергетска транзиција и ќе го зајакнат човечкиот и технолошкиот потенцијал на земјата, дополнуваат оттаму.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top