Македонија

Бранко Црвенковски лично ги мотивирал симпатизерите на СДСМ од Кичево да го подржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Симпатизери на СДСМ од Кичево, мотивирани од средба со поранешниот лидер на партијата Бранко Црвенковски, направија се Македонец да победи на изборите во овој град, наведува Горан Карафилоски, истакнат активист на СДСМ од Кичево.

Симпатизери на СДСМ од Кичево, мотивирани од средба со поранешниот лидер на партијата Бранко Црвенковски, направија се Македонец да победи на изборите во овој град, наведува Горан Карафилоски, истакнат активист на СДСМ од Кичево.

Тој е бивш секретар на општинската органзиација на СДСМ Кичево и директор на едно училиште.

Карафилоски на Фејсбук објави фотографија на која Бранко Црвенковски седи со сопартијци од Кичево, за кои вели дека активно работеле Македонец да победи на изборите во градот и да се стави крај на раскалашната власт на ДУИ.

Во коментарите, граѓани од Кичево коментираат дека појавата на Бранко Црвенковски силно ги мотивирала или велат дека „сенката му е голема“.

„Многу од своите не отпишуваа, доста било од овој, оној, сакале нови, а новите до пред две години беа раководни лица во општинската и членови со години како сите нас отпишаните, но имаше кој знаеше да нѐ мотивира и активира секоjа средба со него од време била значајна и победничка, така и овојпат и се дојде до победа.

Но треба да се знае дека покрај една серија отпишаните имаше и продолжение на серијата како враќање на отпишаните.

Секој ќе си ја понесе одговорноста, чесно е да си ја согледаат вистинската состојба и способност, да ги остават клучевите и светлото пуштено затоа што не згаснува ништо со никого.

Другари од централата со нетрпение ве очекувам јас, а знам и верувам и многу други да дојдете во Кичево, посебно потпретседателите и генералниот секретар да објасните дали личните интереси, пријателствата, приватни врски какви и да се, и водени само од клиентелизам, дали со тоа ѝ помогнавте на партијата, на општинската или на противникот.

Јас Горан Карафилоски сум и можам да бидам само СДСМ и ништо друго и во најтешките мигови сум бил како викаат само СДСМ до гроб“, напиша Карафилоски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Велешанец –измамник (67) „позајмил“ 4 илјади евра од неготинчанец (76) за „да покаже дека еврото е важечка валута“, па не му ги вратил!

ОВР Неготино поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против 67-годишен велешанец, осомничен за кривично дело „измама“.

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на сите пешачки патеки, заради побезбеден и поуреден јавен простор за граѓаните на Скопје!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека од денес е започната широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел да има побезбеден, поуреден и посовремен јавен простор за сите граѓани.

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Милатовиќ, кој е во официјална посета на државава, нагласи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка

Попов: Уставни измени може да има само кога ќе имаме предвидливост што ќе следи по нив, не можеме вечно да се обезличуваме национално

„Ако направиме сега уставни измени и започнеме преговори со ЕУ, тие ќе завршат на првата идентитетска одлика на македонскиот народ.“ – рече пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ во настап на ТВ 24, осврнувајќи се на позицијата на Македонија во преговорите со ЕУ.

Најнови вести

To top