Македонија

Бугарија презадоволна од извештајот за Македонија на ЕП: ,,Ја завршивме работата перфектно”

Софија смета дека Бугарија добила поголема поддршка во Европскиот парламент од предходно

Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев ја поздрави најновата резолуција на Европскиот парламент за Северна Македонија, оценувајќи дека годинашниот извештај е значително попрагматичен и поверно ја отсликува реалноста на теренот во споредба со претходните.

Валчев е европратеник на партијата ,,Има таков народ” на шоуменот Слави Трифонов познат по своите антимакедонски тиради.

Оваа партија не влезе во парламентот по последните избори но ставот на Валчев го пренесува бугарското МНР.

„Комитетот годинава пристапи многу попрагматично отколку лани, отсликувајќи ја реалноста таква каква што навистина е“, изјави Валчев.

Според бугарскиот европратеник, извештајот претставува голем успех за сите кои се залагаа за побалансирана оценка на напредокот на Македонија кон ЕУ и почитувањето на преземените обврски.

„Можеме да кажеме дека си ја завршивме работата совршено“, додаде тој.

Валчев тврди дека има клучен напредок во јазикот на резолуцијата затоа што за првпат Европскиот парламент експлицитно изразил загриженост поради фалсификувањето или присвојувањето на елементи од бугарската историја во Македонија.

„За првпат во извештајот стои дека овој Парламент жали што Македонија ја фалсификува бугарската историја“, тврди Валчев.

Изјавата доаѓа во услови на продолжените спорови меѓу Софија и Скопје околу историските прашања, правата на малцинствата и имплементацијата на обврските од Јулскиот договор од 2022 година, кој Бугарија го смета за услов кој мора целосно да се исполни пред Северна Македонија да продолжи понатаму во процесот на пристапување кон ЕУ.

Валчевите коментари ја отсликуваат пошироката бугарска позиција дека Европскиот парламент се повеќе ги признава грижите на Софија во врска со историските наративи, добрососедските односи и исполнувањето на обврските поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.

Пред само 2 месеци Валчев тврдеше дека Македонија има поголема поддршка во Врисел.

Македонија во моментов наидува на поголемо разбирање од Бугарија, се жали бугарски европратеник

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top