Македонија

Бугарија среќна за победата на Маѓар, очекува крај на поддршката за Македонија

Очекуваат Унгарија сега ќе ја преиспита својата политика во поддршка на антибугарската реторика и дејствија на Скопје

Повеќе бугарски политичари се среќни за поразот на Орбан во Унгарија затоа што мислат дека сега Македонија ќе нема заштита во ЕУ и брзо ќе ги прифати бугарските барања.

Европратеникот Андреј Ковачев упатува срдечни честитки за убедливата победа на „Тиса“ во Унгарија која ја доживува како крај на блискоста меѓу Скопје и Будимпешта.

Тој се надева дека Маѓар ќе запре со поддршката за наводни антибугарски политики во Македонија.

,,Ова е силен знак за промена – не само за Унгарија, туку и за Европа и светот. Одлични вести и за Бугарија!

Искрено се надевам дека Унгарија сега ќе ја преиспита својата политика во поддршка на антибугарската реторика и дејствија на Скопје, кои се поддржувани со години, вклучително и преку значителни финансиски средства за пропаганда против Бугарија. Денешното гласање покажува дека унгарските граѓани избираат поинаков пат – патот на демократијата, европските вредности и добрососедството”, пишува Ковачев.

Ковачев кој е член на партијата ГЕРБ на Бојко Борисов упатува посебни честитки до Петер Маѓар и „Тиса“, како и до колегите од групата на ЕНП во ЕП каде членува и ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top