Македонија

Бугарски европратеник бара одложување на извештајот за Македонија по најавата за признавање на македонскиот идентитет и јазик

Станислав Стојанов, европратеник од бугарската партија Преродба и известувач во сенка, побара од претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, одложување на извештајот за напредокот на Македонија кон Европската унија по најавите за признавање на македонскиот идентитет и јазик. „Важно е да се напомене дека дури и по моето претходно писмо, во кое истакнав судир на […]

Станислав Стојанов, европратеник од бугарската партија Преродба и известувач во сенка, побара од претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, одложување на извештајот за напредокот на Македонија кон Европската унија по најавите за признавање на македонскиот идентитет и јазик.

„Важно е да се напомене дека дури и по моето претходно писмо, во кое истакнав судир на интереси и на кое сè уште чекам одговор, кршењата на етичките стандарди и Деловникот на Европскиот парламент не само што продолжуваат, туку се чини дека уште повеќе се влошуваат. Премиерот на Република Северна Македонија јавно изјави дека неговата влада е вклучена во подготовката на извештајот 11 месеци. Во друго интервју, тој коментираше за нацрт-амандманите што се дискутирани, но сè уште не се јавно достапни, откривајќи чувствителни информации познати само на известувачите во сенка. Ова покажува дека заинтересираната страна, предмет на извештајот, не само што активно учествува во подготовката на неговата содржина, туку и јавно изразува мислење за тоа што треба, а што не треба да биде вклучено во конечниот текст. Таквото мешање ја поткопува независноста на работата на Парламентот и ги крши утврдените процедури“, изјави Стојанов, кој е шеф на делегацијата на Преродба во Европскиот парламент, претседател на партијата Европа на суверени нации и заменик-претседател на нејзионата парламентарна група.

Според него, линијата на прифатливост е одамна пречекорена, се појавуваат сè повеќе нови околности, а извештајот и загриженоста околу неговата подготовка предизвикува растечки јавен и политички интерес во Бугарија. Тој ја потсетува Мецола дека во петокот Народното собрание на Бугарија едногласно усвои декларација за ова прашање, а вниманието на јавноста кон темата е исклучително големо.

Како член на Европскиот парламент, Стојанов нагласува дека има одговорност да ги информира и бугарските, и европските граѓани за начинот на кој се подготвува овој извештај и за неправилностите во процесот, поради што смета дека усвојувањето на извештајот треба да се одложи до завршувањето на целосната и независна верификација на сите факти.

Најнови вести од: Македонија

Османи ќе се „жали“ во ЕУ за „влошувањето на меѓуетничките односи и кршењето на Охридскиот договор“, но и за евроинтеграцијата

„Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе оствари серија средби со претставници на Европската комисија, Службата за надворешни работи на ЕУ, како и со европратеници. Според најавата, во центарот на вниманието на овие средби ќе бидат прашања поврзани со европската перспектива на земјата, забрзувањето на евроинтеграцијата и актуелните политички предизвици.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче водат политика за корист на кланот Заеви и подготвени се да ги дораспродадат македонските интереси со лажната проевропска агенда!

„Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Натпревар за најдобро произведени ракии организира здружението „Ж’та – Македонски ракијари“

Тиквешијата е колевка на врвната ракија – порача Арсовски, истакнувајќи дека од година во година, расте, бројот на учесници на натпреварот, но и квалитетот на доставените мостри

Најнови вести

To top