Македонија

Бурни аплаузи за „Танец“ на концертот во бугарскиот град Гоце Делчев

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија ја одушеви публиката во некогашен Неврокоп во Пиринска Македонија

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, ја одушеви публиката во бугарскиот град Гоце Делчев, која со бурни аплаузи ги награди изведувачите на божикниот концерт посветен и на 75-годишниот јубилеј на македонската национална установа.

Бугарскиот дневен весник „24 часа“ го нарече „незаборавен спектакл“ настанот во Домот на културата во некогашен Неврокоп.

„Преполната сала буквално експлодира од емоциите, убавината, екстраваганцијата и мајсторството што ги прикажаа професионалците од ансамблот ‘Танец’. Час и половина траеше спектаклот во кој учествуваа 50 музичари, танчери и пејачи. Цело време публиката бурно им аплаудираше на прекраснитре изведувачи, а по завршувањето на концертот многумина споделија дека ова е чудесен подарок за претстојните празници. Бисови, многу цвеќе, честитки, бозбудена и задоволна публика, која долго на нозе им аплаудираше на професионалците од ансамблот ‘Танец’ е епилогот од концертот кој очекувано се претвори во еден од значајните културни настани во Гоце Делчев годинава“, пишува во освртот на „24 часа“.

Најнови вести од: Македонија

Реформа на дисциплинските постапки, гаранции за самостојност и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност

„Зелникот на баба“ ќе се одржи викендов во Пробиштип

Дванаесетта година по ред Општина Пробиштип денот на пролетта, го одбележува со меѓународна манифестација „Зелникот на баба“. Од Општина Пробиштип  во писменото соопштение велат дека манифестацијата ќе се одржи оваа сабота, односно на 21 март, со почеток во 11 часот. Годинава очекуваат присуство на натпреварувачи од 18 општини од Македонија, потоа од пет Здруженија од […]

To top