Македонија

Царинска управа: Драги Рашковски сакал да премине граница со 20.000 евра во кеш

Екс генерален секретар во Влада

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, сакал да пренесе поголемо количество на готовина преку граница отколку што е дозволено.

За Канал 5 од Царинската управа појаснија дека инцидентот се случил на граничниот премин Ново Село од Бугарија кон Македонија. Во обидот за нелегално изнесување пари, тој бил задржан на ГП Ново Село , а вишокот пари му биле конфискувани. Од Царинската управа велат дека во овие моменти се прави таканаречена девизна постапка за случајот, а еврата биле најдени во возилото сместени до менувачот.

Претходно Рашковски на ФБ објави демант во кој вели дека не пренесувал пари во Грција и дека наводите во медиумите се невистинити.

„Во врска со некои натписи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција се апсолутно невистина.

Станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник со извод од банка кои се внесуваат во државата, а не се изнесуваат. Ве молам како медиуми да не ширите невистини“, објави Рашковски.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top