Имено, Цеца од публиката доби бугарско знаме, кое го бакна и потоа го префрли преку рамениците. Настанот предизвика негодување кај дел од публиката и бурни реакции онлајн.
По концертот, Цеца се огласи и се извини, објаснувајќи дека знамето го добила од фанови и дека сакала само да ги испочитува, без намера да навреди било кого, особено публиката во Македонија.
„Тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нас не поврзува љубовта кон песната, без разлика кој од каде доаѓа“, рече Цеца, додавајќи дека нејзиното истакнување на знамиња на сцената не е новост и секогаш било со почит кон присутните.
Мики Секуловски, кој беше со Цеца на сцената во моментот на инцидентот, објасни дека првично не забележал дека станува збор за бугарско знаме, мислејќи дека е порака од фановите.
Откако публиката започнала да реагира, Мики веднаш го земал знамето од Цеца и го отстранил, но како што вели, штетата веќе била направена.
„Таа ме погледна збунето, не знаеше ни што се случува. Можеби требаше јас порано да изреагирам, но навистина не забележав дека се работи за бугарско знаме… Навистина жално, навистина штета што се случи оваа случка, никој не очекуваше дека, во мојот град, во Македонија, ќе се вее бугарското знаме, никој не го помисли тоа“, рече Мики.
Тој ме вели дека Цеца не знаела за кое знаме се работи но тврди дека Цеца не била свесна за напнатоста помеѓу Македонија и Бугарија, а дека во спротивно би реагирала поинаку.
„Навистина ми е жал, требаше да биде прекрасен концерт, и беше додека не се случи оваа несреќна случка“, додаде Мики.
Настанот веднаш предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, каде корисниците реагираа на бакнежот на знамето и на целата ситуација. Многумина изразија изненадување и разочарување, додека други ја поддржаа Цеца и ја истакнаа нејзината намера да ги испочитува фановите.
Видеото на овој ЛИНК