Македонија

Чантата на сопругата на градоначалникот Ѓорѓиевски чини 944 денари, а не 30.000 ДОЛАРИ

Орце Ѓорѓиевски побара јавно извинување од СДСМ во рок од 24 часа, во врска со лажната вест дека неговата сопруга Мартина носела чанта „хермес“ од 30.000 долари

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски побара јавно извинување од СДСМ во рок од 24 часа, во врска со лажната вест дека неговата сопруга Мартина носела чанта „хермес“ од 30.000 долари на синоќешниот отчет за сработеното.

„Доколку тоа не се случи, ќе поднесам пријава и ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на мојот и угледот и честа на моето семејство. Политиката може да биде жестока, но не смее да се води преку лаги, подметнувања и лични дискредитации. Времето на валкани игри, завршува“, порача Ѓорѓиевски преку својо профил на Фејсбук.

„Сето ова можеби ќе беше само уште една евтина манипулација, доколку не продолжија по најниската можна линија, а тоа е мешање на моето семејство. Истата матрица ја гледавме и за време на кампањата, кога мета на анонимни и нереализирани ботови беше мојот син. Денес, без срам и без граници, ја продолжија приказната преку мојата сопруга.

Во своето соопштение тврдат дека на вчерашната промоција на отчетот за 100 дена од сработеното таа носела чанта од ‘луксузен бренд’. Очигледно заборавиле дека денес сè е проверливо и дека граѓаните одамна не се наивни. И, удрија во ѕид. Повторно.

Фактите се едноставни и кристално јасни, чантата што ја носи мојата сопруга чини 944 денари купена од македонска продавница. Не 30.000 евра. Толку од нивната сензација и ‘ексклузива’“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека нема да паѓа на нивното ниво и да потсетува во какви луксузи живеат семејствата на нивните челници и функционери.

„Нема да отворам теми за златни визи, за станови и згради во Дубаи, во Козле ‘подарени’ луксузни Q8 и слични симболи на нивната лажна скромност. Ќе го задржам нивото на комуникација, иако јавноста многу добро знае кој како живее и од што. За разлика од нив, јас водам скромен живот. Живеам во стан. Возам сопствен автомобил. Ништо повеќе и ништо помалку. И мојот народ тоа го знае“, напиша Ѓорѓиевски и додаде дека ќе продолжи да работи за скопјани беспоштедно секој ден и секоја ноќ.

Претходно, и неговата сопруга Мартина побара јавно извинување од СДСМ за ширењето на лажната вест.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Стојанче Ангелов најави ангажман на пензионирани полицајци, војници и поранешни припадници на безбедносните сили, кои по обука ќе помогнат во справувањето со пожарите низ државата

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

To top