Македонија

Четири гости се затруле во хотелски базен во Охрид

Гостите биле пренесени во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност

Продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот почувствувале четирите лица кои вчера се затруле на базен во охридски хотел.

Од охридската полицијата истакнуваат дека случајот кај нив бил пријавен вчера попладне околу 17:31 часот, дознава „Фактор“.

Гостите поради јаката миризба и пареата имале силна кашлица, по што биле пренесени во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност.

„Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој истакнува дека по расчистувањето на случајот ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top