Македонија

Човекот што ја стави Македонија во катастрофална ситуација за ЕУ сега зборува за дневна политика

На творецот на македонската блокада во ЕУ кој заедно со Никола Димитров направи огромни грешки сега му фали притисок

Бујар Османи проговори за ЕУ на дебатата во Собранието во рамки на Националниот совет за евроинтеграции на кој се расправаше за улогата на законодавниот дом во процесот на зачленување во Европската Унија.

Поранешниот министер за надворешни работи и екс вицепремиер за Евроинтеграции, Бујар Османи, упати критики за политиките во однос на евроинтегративниот процес, оценувајќи дека перспективата за членство во Европската Унија е неизвесна.

„Кај нас Европската Унија или Брисел се претворени во инструмент за дневна политика, наместо Собранието да се користи како механизам за членство во ЕУ. За жал, нема доволна волја за интеграција, ниту доволен притисок, а перспективата е нејасна“, нагласи Османи.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top