Македонија

ЦУК: Некои автобуси на ЈСП не стигнаа до подалечните населби

Станува збор за автобусите со број 11, 64, 74, 80 и 81.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека мал број автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации.

Станува збор за автобусите со број 11 (од село Рашче до Транспортен центар), 64 (од Никиштани до Транспортен центар), 74 (од Долно Количани до Транспортен центар), 80 (од Маркова Сушица до Транспортен центар) и 81 (од Блаце до Транспортен центар). Во информацијата на ЈСП „Скопје“ што ја пренесе ЦУК не се наведени причините поради кои автобусите од овие линии нема да сообраќаат до крајните дестинации.

ЦУК ја објави информацијата во својот утрински извештај за состојбата со врнежите од снег во државата.

ЈСП „Скопје“ неодамна најави можно привремено редуцирање на одредени автобуски линии поради ниските температури и најавите за врнежи од снег во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Почеста употреба на гаранција како мерка за обезбедување присуство наместо притвор

Доколку некој побегне, а оставил гаранција – тој имот, недвижен или подвижен имот, како и да е, има одредена вредност. Таа вредност, доколку побегне, останува сопственост на нашата држава, вели новиот државен обвинител

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top