Македонија

Д-р Пановски: Не купувајте производи рекламирани со мојот лик

Не купувајте го тоа ѓубре, вели професорот

„Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име или ќе ја видите мојата слика покрај некој производ, а во последно време и видеа, сè е тоа злоупотреба.Ако има интервју – тоа е измислено. Не купувајте го тоа ѓубре“, предупредува микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук

Тој ги повикуваа граѓаните да не купуваат, како што наведе, „лажни препарати“ и да не ги „богатат криминалците“, додавајќи дека државата досега не презела соодветни мерки за заштита од ваквите злоупотреби.

„Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува“, вели Пановски.

Тој посебно предупреди дека е опасно прекинувањето на редовната терапија пропишана од лекари и нејзино заменување со вакви производи, особено кога станува збор за терапија за дијабетес.

„Ве молам, споделете го ова и секое видео со мојот лик пријавете го како лажно. Не купувајте, а ако сте купиле – фрлете го“, апелира Пановски во објавата.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top