Македонија

Дали Ахмети ќе ја рецитира и „Тга за југ“, со орелски крилја како компромис, загатнува Илиевски

Дал амбасадори предвреме депеша биле пратиле ил орлите крилјата ги биле намокриле

Ќе пцојсат некое магаре, коментира Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит на тема македонското државно знаме кое конечно се појави во канцеларијата на Али Ахмети во седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Илиевски анализира дека македонското знаме е чекор на Ахмети во правец на можна идна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во свој ироничен стил очекува Ахмети кој е познат и како добар играорец и песнопоец да ја рецитира и легендарната песна на Константин Миладинов но во модерна политичка верзија.

,,Мада, за зголемување допадливост со желба за идно коалицирање со ВМРО имајќи предвид дека се-де-се е прогласено за „умрено“ и на следни избори, очекувам дека е спремен наместо „кекси гурабија О ХристЈан“ да ја рецитира и „Тга за југ“ (ради орелски крилја де, компромис)”, пишува Илиевски.

Тој ја одбива можноста Ахмети знамето на Македонија да го ставил заради дипломатски протисок и смета дека причината е во односот на силите во македонската политика.

,,Ама дека се правда дека Амбасадорите му побарале, а не неговото лично чувство дека ЗНАЕ ВО КОЈА ДРЖАВА ЖИВЕЕ и од која држава јаде леб 20-и-кусур години, тоа е ефектот на непоправливиот шарм на еден планински дух со трансакциски однос кон Република Македонија. Во политиката се е можно, ама фактите се факти”, анализира Илиевски и ја објавува новата верзија на Т’га за југ напишана специјално за Али Ахмети.

Т’ГА ЗА ВЛАСТ

Орелски крилја как да си метнех
и в наша влада да си прелетнех!
На наши министерства ја да си идам,
да видам Артан, Бујар да видам,
Да видам дали сâнце и тамо
мрачно угревјат, како и вамо.

Ако как в оопозиција сâнцето ме стретит,
ако пак мрачно Уставен светит:
На пâт далечни ја ке се стегнам,
и в Европа ил САД ке си побегнам,
каде сâнцето светло угревјат,
каде Амбасадорот ѕвезди посевјат.

Во опозиција је мрачно и мрак м’ обвива
и темна мâгла земја покрива:
мразој и снегој, и пепелници,
црни листи и вијулици,
Околу притвори и судој земни,
а в’гради студој, и мисли темни.

Не, ја не можам в Речица да седам!
Не, ја не можам ВЛЕНОЈ да гледам!
Дајте ми тендер ја да си метнам
и в наша Влада да си прелетнам:
на наши места ја да си идам,
да видам Правда, Финансии да видам.

Тамо зората греит душата
и Артан светло градит в гората.
Тамо фудбалчиња природна сила
в секоја канцеларија ги растурила:
Бистро тендерче, гледаш, белеит
или од Бугар Устав темнеит:
Соравија погледниш, или лотарија
-сегде че го правим хаварија!

Тамо по срце в кавал да свирам,
Учебници да немат, ја да уживам!

Поврзана вест

Што се случува со лидерот на ДУИ

Амбасадори го натераа Ахмети да стави македонско знаме во неговата канцеларија

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top