Македонија

Дали и на Бихаќка ќе си честитаат Нова Година по дубајско време, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Веројатно,покрај Новата година, во Дубаи на забавата ќе се прославува и нивната инвестиција – 42-катница

„Дали и овој пат на забавата главна ѕвезда ќе биде Харис Џиновиќ или некоја друга балканска турбофолк „ѕвезда“, тоа ќе се види на снимките како што и претходно видовме како Филипче радосно го снима неговиот лидер Заев додека се забавува.

Веројатно дека покрај Новата година, во Дубаи на забавата ќе се прославува и нивната инвестиција, 42-катница, нешто што повеќе пати е потврдено како од намесникот Филипче и СДСМ, така и од сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Остана неодговорено како Филипче од докторска плата „собра“ пола милијарда евра, затоа што толку се потребни за добивање златна виза во Дубаи преку инвестиција или бизнис, се додава во соопштението.

„Досега не видовме доказ дека златната виза ја добил на поинаков начин, иако велеше дека ќе покаже. Македонската јавност чека одговори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top