Хроника

Бегалецот Флорим Лимани прв екстрадиран од ОАЕ во Македонија

Лимани беше баран со меѓународна потерница како осуден на 3,5 години затвор во земјава, соопшти МВР

Флорим Лимани стана првото екстрадирано лице од Обединетите Арапски Емирати во Македонија, откако денеска беше екстрадиран од Дубаи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лимани (33) беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот закон.

Најнови вести од: Хроника

Пиштол и седум куршуми откриени кај совозач во службено возило на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Пиштол со седум куршуми бил пронајден кај совозач во службено возило на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, при полициска контрола на булеварот „Гоце Делчев“. Едно лице е лишено од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител, велат од Министерството за внатрешни работи, објави „Скопје 1.мк“

To top