Неколку од проиводителите на леб во Битола веќе најавиле поскапување на векна леб. Од продавниците и маркетите очекуваат нивно писмено обраќање, па потоа ќе одлучуваат што да се прави. Низ битолските продавници и пекарници денеска лебот се продава со иста цена. И не се знае дали или пак кога продавниците кои ги користат услугите на пекарниците ќе ја зголемат малопродажната цена.
За поскапување на лебот се зборува веќе некое време, кога претседателот на групацијата на мелично-пекарската индустрија Горан Малишиќ во јавноста информираше дека високата цена на нафтата ја притисла домашната пекарска индустрија и дека сега се трошат резервите. Но, пекарниците, особено малите кои се занимаваат со мало производство на домашен и специјални видови леб неможе да ја одржат цената на лебот. Денеска има информации дека во неколку градови низ државата одредени пекарници веќе најавиле поскапување на векна леб од 450 грама за 4 до 5 денари.

Во Битола има околу 20 пекарници регистрирани како дел од пекарската индустрија кои произведуваат леб. Од нив дознаваме неколку пред десетина дена им препорачале на сопствениците на продавници за намирници и маркети да ја зголемат цената со којашто ќе го продаваат лебот заради нивните зголемени трошоци. Денеска скоро сите продавници во градот лебот го продаваат без променети цени, од своите соработници пекарници побарале писмено известување дека за нив набавната цена се зголемува.
Секоја пекарница сама си пресметува: цена на брашно, потрошената струја, платите кои треба да ги дадат и трошоците поврзани со вработените, и трошоците за транспорт на производите до потрошувачите = трошок кој со нестабилноста на цената на горивата е исклучително променлив деновиве, но само нагоре.
Од Владата велат дека контролите се на терен и будно ја следат состојбата, во меѓувреме се заоструваат казните.
- ,,На терен е државниот инспекторат, 30 тима ја следат состојбата имаме индикатори имаме анализи.Го подготвуваме новиот закон во којшто се превидени многу поглеми глоби за оние трговци кои ќе се однесуваат девијантно и непазарно и во зависност од тоа каква ќе биде реалноста така и ќе постапуваме но факт е дека сме држава со една од најниска стапка на инфлација за февруари месец во регионот.”
Врз основа на овие параметри ја одредуваат оридажната цена на лебот. И во слободната македонска економија, тоа секоја пекарница си го одредува сама за себе. Не смеат договорно да ги усогласуваат цените. Доколку повеќе пекарници или фирми се договорат меѓусебно сите да продаваат по иста или вештачки повисока цена, тоа веќе може да биде прекршување на правилата за конкуренција — односно картелско однесување. За тоа е надлежна Комисија за заштита на конкуренцијата.