Свет

Дали тајната служба потфрли? : Венс изнесен пред Трамп, додека претседателот падна на подот среде евакуацијата (ВИДЕО)

Засега, официјалните изјави нагласуваат дека сите високи функционери се безбедни и дека ситуацијата е ставена под контрола. Сепак, видеата што брзо се раширија низ социјалните мрежи продолжуваат да предизвикуваат дебати за безбедносните протоколи околу највисоките претставници на американската власт.

Дали тајната служба потфрли во тие критични мигови? Прашањето се наметнува откако видеата од вечерата на дописниците од Белата куќа покажаа вознемирувачки моменти на хаос и брза евакуација.

Сè започна кога во салата на вашингтонскиот „Хилтон“ се слушнаа истрели – според некои сведоци, меѓу пет и осум пукотници. Во тој момент, претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џ. Д. Венс, заедно со други високи функционери, беа итно изведени од сцената од агентите на тајната служба.

Видеото, снимено одблизу, јасно покажува дека потпретседателот Вејнс беше евакуиран забележително побрзо од претседателот Трамп. Додека Венс веќе беше изнесен во безбедност, Трамп се сопна и падна на подот среде општата збунетост и брзиот движење на обезбедувањето. Првата дама Меланија Трамп, исто така, беше дел од групата што брзо ја напушти салата.

И покрај драматичните сцени, ниту претседателот, ниту потпретседателот не беа повредени. Осомничениот за пукањето е брзо приведен, а настанот беше прекинат, при што голем дел од присутните новинари, познати личности и политичари останаа затворени во салата додека се обезбедуваше просторот.

Овој инцидент неизбежно предизвика прашања за ефикасноста и координацијата на тајната служба: зошто Вејнс беше изведен пред Трамп? Дали приоритетот на заштита беше правилно распореден? Или станува збор за спонтана реакција во услови на паника?

Засега, официјалните изјави нагласуваат дека сите високи функционери се безбедни и дека ситуацијата е ставена под контрола. Сепак, видеата што брзо се раширија низ социјалните мрежи продолжуваат да предизвикуваат дебати за безбедносните протоколи околу највисоките претставници на американската власт.

Познат е напаѓачот на Трамп, демократ од Калифорнија

 

Нови драматични видеа од евакуацијата на министрите на Трамп по обидот за атентат

 

Најнови вести од: Свет

Нов брилијантен потег на Трамп: Голем удар врз финансирањето на иранскиот режим, но и врз Кина

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави воведе нови санкции против кинеската рафинерија „Хенгли“ и околу 40 бродови и превознички фирми кои се дел од иранската „флота во сенка“.

To top